Современо, неправилно акцентирање

Во однос на она што на училиште се учи како стандардно македонско акцентирање има бројни отстапувања во секојдневниот говор (во скопскиот говор ова особено се однесува на акцентските целости). Прашањето е дали истите треба да се сметаат за грешки, или, пак, за нормален развој на јазикот, при што веројатно може да се дадат аргументи „за“ и „против“ и двете толкувања.

Но кај други акцентски „девијации“, отстапувањата не се толку конзистентни дури и кај индивидуални говорители, па потешко можеме да ги сметаме за „еволуција“ на јазикот. Зборуваме тука за отстапувања од третосложното акцентирање особено на членувани форми на тросложни и подолги именки, како на пр.: државата, образованието, собранието итн. Ако на нечленуваните форми на овие именки акцентот е на првиот или вториот слог, во нивната членувана форма тој (како динамичен) би се „преместил“ за да стои пак на третиот слог од крајот на зборот (во случајот на „собранието“, тој сега би се наоѓал над „и“ => зборот би се изговарал „собранИето“). Па сепак, многу често акцентот се „задржува“ на истиот слог како кај нечленуваните форми (при што нашиот пример се изговара некако вака: „собрАнието“).

Ваквата појава можеби се јавува под влијание на бугарскиот јазик, и се чини дека истата е донекаде „намерна“ (како да постои чувство дека вака акцентираните зборови звучат „поедуцирано“), зашто ваквото акцентирање се јавува само кај зборови од одреден (јавен? висок?) домен на општественото живеење, а никогаш кај зборови од базичното секојдневие (на пример, никој не вели „пИперките“ или „кОмпирите“. :))

Забележувате ли и вие вакви пример?

Advertisements
This entry was posted in Грешки и отстапки and tagged , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s