Странски зборови за кои немаме македонски еквивалент

words-1

Македонските говорници секогаш ги потенцираат „сеир“ и „инает“ како 2 непреводливи зборови во македонскиот јазик (иако, секако, се работи за турцизми, и иако германците го имаат Schadenfreude наместо „сеир“), но речиси секој јазик си има по некој збор кој би било згодно, ама не постои во нашиот. Неколку такви се, на пример, следниве зборови кои изразуваат емоции кои сите ние ги чувствуваме, ама, ете, немаме збор за да ги именуваме:

  1. Филипинското (Тагалог) Gigil = неиздржливата потреба да гушнеме или штипнеме нешто неизмерно слатко;
  2. Норвешкото Forelsket = еуфоричното чувство кога ќе почнете да се вљубувате,
  3. Германското Backpfeifengesicht = лице кое плаче за тупаница, (и најпосле, моето омилено и социолошки многу индикативно, ми се чини)
  4. Јапонското Arigata-meiwaku, што значи услуга која некој ви ја направил, иако сте се обиделе тоа да го избегнете, а која ви донела неволји, но за која сепак морате да бидете благодарни. 🙂

Ете, тоа ви е. 🙂

Сте чуле ли вие некој странски збор/израз кој ви оставил впечаток, а го немаме на македонски? Пишете ни’ во коментарите.

(Ако не ви текне отпосле, како што се случува во ситуации за кои Французите викаат L’esprit de l’escalier, што означува итра реплика која ви текнала кога е предоцна да ја кажете.:))

Advertisements
This entry was posted in Куриозитети and tagged , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s