Чести грешки при пишување на англиски јазик

your
Многупати сме сведоци на погрешно пишување и употреба на одредени зборови на англиски јазик, особено на социјалните мрежи. Тоа се случува од најразлични причини, но најчесто затоа што не е секому точно објаснета разликата помеѓу навидум сличниот изговор на некои зборови, па затоа подоцна луѓето прават грешки при изборот на зборовите. Најчести примери за вакви забуни се следниве :

1. Your и You’re

      Your е присвојна придавка (possessive adjective) и се употребува за да покажеме дека нешто е нечија сопственост или некому припаѓа, секако употребена за второ лице еднина или множина. You’re е скратеница од you are, што вака напишано јасно ни дава до знаење дека се работи за лична заменка за второ лице еднина (или множина) и глаголот сум во второ лице еднина (или множина) кој се употребува како помошен глагол или глагол кој ни покажува нечија особина.

2. Its и It’s

       Its е присвојна придавка (possessive adjective) и како што е наведено горе, ја има истата употреба како и your, но за трето лице еднина, среден род. It’s претставува скратена форма од it is или it has. Во првиот случај личната заменка за трето лице еднина it (среден род) e употребена со глаголот сум во трето лице еднина, а во вториот со глаголот има (have) кој може да се употреби за да се укаже на тоа дека некој поседува нешто или пак во present perfect tense како помошен глагол. Ист е случајот и со he’s и his.

3. Than и Then

      Than најчесто се употребува кога правиме споредба помеѓу две нешта (ex. Lisa is taller than Mary) или кога нешто не е онака како што сме очекувале/мислеле (ex. When I looked at my pocket I had less money than I thought I had), додека then се употребува како придавка или прилог и означува друго време од сегашното, нешто што следува или може да се употреби за да се предложи логичен заклучок на нешто (ex. I wanted to go to the hospital, but then I decided I should better go home ; If you’ve studied hard, then the exam should be no problem ; He used to be so kind back then).

4. There, Their и They’re

       There се користи најчесто како прилог за место (ex. The bike is over there behind the tree) или како почетен подмет во реченицата (ex. There once was a boy who…). Their е присвојна придавка, исто како your или its (ex. Have they done their homework?). They’re е скратена форма од they are, односно личната заменка за трето лице множина и глаголот сум. За да не ги мешате овие три зборови, односно да знаете точно кој и кога да го употребите, запрашајте се секогаш кога ќе напишете they’re дали може, односно има смисла да ја напишете неговата долга форма, кога пишувате there потсетете се дека тој во себе го содржи зборот here, што исто така се употребува за место, додека their во себе го содржи зборот heir чие значење може да ве асоцира на тоа дека се работи за поседување нешто (heir , n. – наследник).

5. Every day и Everyday

        Еvery е determiner, a day е именка и кога се употребени вака како одделни зборови всушност мислиме на секој ден (each day), без исклучок (ex. You have been late for school every day this week). Everyday е придавка со значење секојдневно, обично (ex. This book offers an insight into the everyday life of Macedonian people).

6. Some time, Sometime и Sometimes

        Some time означува период, одредено време (ex. It took me some time to spot his post). Sometime означува време во иднината или минатото кое е непознато или не е точно определено (ex. They hoped to meet sometime). Sometimes означува во некоја пригода/понекогаш/некогаш но не често или секогаш (ex. Sometimes Carrie forgets to check her mail).

7. We’re и Were

           We’re е скратена форма од we are, односно од личната заменка за прво лице множина и глаголот сум, додека were е минато време од глаголот be (сум).

Ангела-Александра Ивановиќ

Извори :

http://www.esl.about.com
http://oxforddictionaries.com/words/word-classes-or-parts-of-speech
http://www.learnenglish.de

Advertisements
This entry was posted in Грешки и отстапки and tagged , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s