„Населба“ = “Settlement”. Точно?

parts-of-a-city

Кога објаснувате некому каде живеете, може да кажете, на пример: во населба Тафталиџе, општина Карпош (ако не се лажам), град Скопје. Во преводи, многу често зборот „населба“ ќе го сретнете преведен како “settlement”, „општина“ како “municipality”, а „град“ – како “city”. (Скопје веројатно е “city”, а дали останатите градови во Македонија ќе ги наречете “town” или “city” е прашање на перспектива. :))

Но во однос на другите два термина, прашањето е малку покомплицирано. Имено, терминологијата за делови од град, било административни или физички, зависи од историјата, географијата и социо-политичкото уредување на градот и пошироката област во која тој се наоѓа, па би било наивно да очекуваме директна еквиваленција меѓу нашата терминологија и терминологија од друг јазик. (А и да не зборуваме за тоа дека урбана „населба“ воопшто не е “settlement”.)

На пример, градот Лондон* по разни основи e поделен на city assembly constituencies, parliamentary constituencies, boroughs и wards, а во оптек се и имињата на различни делови од градот кои потекнуваат од историските области кои градот ги апсорбирал, од физичките, географските, архитектонските и демографските целини во истиот и сл. (Kensington, Mayfair, Chelsea…). Ако тоа не е доволно комплицирано, различни делови од Лондон припаѓаат на различни counties. 

Кои од овие се „општини“, кои се „населби“, а што конкретно е “city”? 🙂 

*Она што ние го замислуваме како „градот Лондон“ никако не е The City of London. Имено, The City of London и The City of Westminster се делови од тој поширок Лондон, кој, според британската традиција и геополитичка организација воопшто не е City. (http://en.wikipedia.org/wiki/London#Local_government, ) Аналогно, „Град Скопје“ е административна единица, а не само географски поим.

Еве една споредба на германската со англиската терминологија: http://language-mystery.blogspot.ru/2013/01/terminology-for-parts-of-city.html

И, за крај, еве две забавни видеа врзани за комплицираната административна организација на Лондон и неговата околина:https://www.youtube.com/watch?v=LrObZ_HZZUc&list=PLqs5ohhass_QZtSkX06DmWOaEaadwmw_D&index=12  https://www.youtube.com/watch?v=z1ROpIKZe-c

 (Ивана Живковиќ)

Advertisements
This entry was posted in Превод and tagged , , , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s