Џон Толкин- извонредниот писател, лингвист и креатор на мистичниот јазик на Вилениците

Image

Не верувам дека денес постои човек кој не прочитал барем една книга од познатата трилогија ,,Господар на прстените’’ или пак не ги гледал истоимените филмувани верзии без притоа да биде заведен од еден потполно интригантен сегмент кој во невидени размери ја побудува желбата за негово истражување, подеднакво како кај читателите, така и кај страсните гледачи на филмови.

Имено, станува збор за чудесниот јазик на вилениците( Elvish language) специјално создаден од страна на извонредниот писател Џон Толкин за потребите при пишувањето на маестралната трилогија ,,Господар на прстените’’.

И самиот Толкин во многу наврати го потенцира фактот дека неговите приказни всушност се инспирирани и произлегуваат од јазикот кој првично бил создаден далеку пред создавањето на приказните и митовите кои подоцна успешно ги соединува во својата трилогија.

Сосема очекувано, како што секој јазик е одбележан со својот лингвистички развиток, така и јазикот на Вилениците си бележи свој сопствен, а почетоците на овој јазик според Толкин се поврзуваат со оригинално именуваната форма “Qenya” (првата примитивна основа за создавање на елфскиот јазик).

Во тој контекст, од огромна важност е да се напомене дека фонологијата, речникот и граматиката на јазикот на вилениците се под силно влијание на финскиот и велшкиот, но од друга страна пак, Толкиновиот јазик може да се пофали со својата оригинална лексика, главно како резултат на тоа што многубројните фанови на овој јазик постојано го даваат својот незимерен придонес да го направат истиот пофлексибилен и потполно употреблив во усната практика.

Неколку интересни изрази на Квења

~ Vedui’ (il’er)  =  Поздрав

~ Saesa omentien lle  =  Мило ми е што те запознав

~ Quel (re/andune/lome/du)  =  Добар/а (ден, вечер, ноќ)

~ Quel kaima  =  Мирен сон

~ Tenna’ tul’re (san’)  =  До скоро видување

~ Lle maa quell  =  Убаво изгледаш

~ Lle quena i’lambe tel’ Eldalie?  =  Зборуваш ли елфски?

~ Lle merna salk?  =  Сакаш да танцуваме?

~ Uuma dela  =  Не грижи се

~ Tira ten’ rashwe!  =  Внимавај!

~ Quel marth  =  Среќно

~ Amin mela lle  =  Те сакам

~ Diola lle  =  Ти благодарам

~ Rhun, Numen, For, Har  =  Исток, Запад, Север, Југ

~ Elenya, Anarya, Isilya, Alduya, Menelya, Valanya, Tarion  =  Понделник, Вторник, Среда, Четврток, Петок, Сабота, Недела

~ Amin hiraetha  =  Извини

~ Kela  =  Оди си

~ Lova tyelka  =  Трапавко

~ Tua (amin)!  =  Помош!

На крај, за сите љубители на ,,Господар на прстените’’, а се разбира и за сите оние кај кои се разбуди истражувачкиот дух, верувам дека ќе уживате во видеото кое ќе ви овозможи да чуете како звучи овој јазик.

( Дарко Ѓорѓијовски )

Advertisements
This entry was posted in Куриозитети and tagged , , , , , . Bookmark the permalink.

One Response to Џон Толкин- извонредниот писател, лингвист и креатор на мистичниот јазик на Вилениците

  1. stranskijazicifon says:

    Наидов на факсимил од првата страница на Lord of the Rings, во ракопис! http://rainbow-peshka.tumblr.com/post/41261131017/this-is-the-first-page-of-the-original-lord-of-the
    (И.Ж.)

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s