Како настанал зборот О.К.?

Зборот О.К. (okay) е еден од најчесто употребуваните зборови интернационализми. Милиони луѓе секојдневно го користат зборот океј, всушност некои од нив дури сметаат дека тој се користи почесто од било кој друг збор во светот. Самиот збор океј е еквивалент на изразите во ред, добро или важи и означува согласност или одобрување за нешто. Како настанал зборот океј?

Океј, спремни сте за одговорот?

Image

Постојат многубројни обиди да се објасни настанувањето на изразот О.К. којшто се чини станува популарен околу 19-от век во САД. Како и вообичаено, повеќето од нив се само шпекулации. Етимолозите не се согласни за теориите и настанувањето на зборот, но тоа за што сите научници се согласни е дека зборот океј има чисто американски корени.  Од лингвистичко-историска перспектива, како и од пронајдените податоци се смета дека станува збор за акроним кој се користел за време на изборната кампања за претседател на Мартин ван Бјурен во 1840-ите години во САД. Ова е најпознатата теорија. Имено, зборот О.К. ги содржи првите две букви од родното место на политичарот Мартин ван Бјурен – Олд Киндерхук (Old Kinderhook, New York State) по кое го добил и својот прекар и бил искористен во именувањето на неговиот клуб на поддржувачи – ОК Клуб (OK Club).

Некои од останатите теории за настанување на зборот океј:

  • Во 1839 неколкумина уредници на еден весник на шега го смислиле изразот О.К. (ол корект) за сѐ е точно (all correct).
  • Води потекло од зборот „okeh“ од јазикот на индијанските племиња како племето Чокто (Choctaw) и има исто значење со денешното значење на зборот океј.
  • Произлегува од јазиците Волоф или Банту (африканска група на јазици).
  • Настанал во 19-иот век кога била модерна употребата на скратеници во јазикот.

Долго време се избегнувала официјалната употреба на зборот океј и многумина писатели како Марк Твен и  Брет Харт не сакале да го употребуваат во своите дела. Луиза Меј Алкот (Louisa May Alcott) била меѓу првите писатели кои го искористиле зборот океј. Вудро Вилсон како претседател на САД дал согласност за официјална употреба на зборот океј во англискиот јазик. Оттогаш наваму зборот е во постојана употреба.

(Димитар Димитровски)

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized and tagged , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s