Последната Лингва Франка од Николас Остлер

41s8QvUhwAL._SL500_AA240_

       

           Пред сè неколку зборови за оние кои не се запознаени со овој термин – лингва франка (итал. lingua franca) е јазик што наоѓа систематска примена кај општењето помеѓу луѓе од различни јазични подрачја, особено кога тој јазик е различен од матичните јазици на говорителите. Во продолжение Ви ја презентирам критиката напишана од Дебора Камерон (критичар во The Guardian) за интересната книга на Николас Остлер – The Last Lingua Franca (English Until the Return of Babel).

            Се верува дека во XVI век, императорот Чарлс V забележал дека зборува латински со Господ, италијански со музичари, шпански со неговите војници, германски со слуги, француски со дами и англиски со неговиот коњ. Во многу книги за англискиот јазик, шегата би била свртена кон Чарлс, употребена за да покаже дека неговото гледање на јазикот кој го игнорирал и го сметал за нецивилизиран е сега титан кој го освојува светот. Како и да е, Николас Остлер го цитира ова за да го истакне фактот дека ниеден триумф на некој јазик не е вечен и неуништлив. Како и империите (а често и заедно со нив), така и јазиците се издигнуваат и пропаѓаат, а англискиот, тврди Остлер, нема да биде исклучок.

            Англискиот јазик е првата вистински глобална lingua franca, ако под ,,глобална’’ се мисли на – употреба на секој населен континент. Но во помалиот и не толку густо поврзан свет од минатото, постоеле многу други јазици кои имале слични функции и престиж. Во модерните лингва франки се вбројуваат и францускиот, германскиот, латинскиот, португалскиот, рускиот и шпанскиот јазик. Сепак овие некогаш многу моќни јазици се сега во голема мера приврзани за оние територии каде што нивните модерни форми се употребуваат како мајчин јазик. Иако во екот на нивната моќ некои сочувале и се здобиле со голем број на зборувачи на нивниот мајчин јазик надвор од нивните вистински татковини (како што е случајот со шпанскиот и португалскиот во Јужна Америка), многу мал број од нив го одржуваат поранешниот статус.

           За да разбереме зошто моќните паѓаат, Остлер тврди дека мораме да ги погледнеме факторите кои им овозможиле да се издигнат : најчесто тие фактори се освојување, трговија и конверзија. Освоени или потчинети, луѓето ги учат (или се обврзани да ги учат) јазиците на нивните господари, трговците ги учат јазиците кои им даваат пристап до пазарот, преобразените ги прифаќаат јазиците на нивната нова религија. Но овие начини на регрутација на зборувачи не придонесуваат кон трајно приврзување. Научениот јазик не се цени заради неговата вредност, туку заради придобивките кои тој ги нуди и тоа трае сè додека тие придобивки ја надминуваат цената. Кога пристигнуваат нови освојувачи, оние кои се потчинети преминуваат кон употреба на нова лингва франка. Старите империи се распаѓаат и нивните лингва франки се напуштаат, додека ширењето на нова религија може да го унапреди јазикот или да го ослабне. Секогаш постои одбивност создадена од зависноста од некој јазик кој мора да биде научен, но затоа повеќе ѝ служи на елитата отколку на оние кои немаат пристап до образование. Престижните лингва франки се социјално поделени и затоа се нестабилни.

           Англискиот јазик во глобалната ера е често издвоен како посебен случај. Пистелите кои се сложуваат со ова мислење дека англискиот јазик се разликува од претходните лингва франки истакнуваат две работи : прво, дека тој нема вистинска конкуренција и второ, дека иако првично е проширен преку освојувања, трговија и мисионерство, неговото влијание повеќе не зависи од таква принуда. Заради ова, заклучокот е дека тој нема да ја доживее судбината на неговите предци. Остлер сепак смета дека овој заклучок ги занемарува и социјалните трошоци на одржување на една лингва франка (не е точно дека англискиот е универзално сакан) и длабоката, вечна лојалност на луѓето кон нивниот мајчин јазик. Веќе милениуми наназад сме подготвени да ги компромитираме нашите лингвистички посветености во замена за различни награди, но ако наградите можат да се добијат без компромис, со задоволство би се ослободиле од товарот. Остлер верува дека наскоро ќе имаме можност да го направиме тоа. Како што стивнува англо-американската хегемонија, влијанието на англискиот јазик се намалува, но она што ќе успее нема да биде ниту еден друг јазик. Она што всушност ќе искусиме е технолошки овозможено враќање на вавилонски живот. Благодарение на напредокот во компјутерското преведување, ,,сите ќе зборуваат и пишуваат на било кој јазик што ќе го изберат и светот ќе разбира.’’

            Тука може да се критикува ставот на Остлер бидејќи зависи од нереален техно-оптимизам и премногу ја нагласува наводната праисториска врска помеѓу говорителите и нивните мајчини јазици, за што некои би рекле дека е измислица на европскиот национализам од XIX век. Но дури и да греши во врска со неговото предвидување за враќањето на Вавилон, мислам дека не греши во тврдењето дека позицијата на англискиот јазик како прв медиум на глобална размена ќе биде одржувана засекогаш. Во иднина, како што било и во минатото, може да се очекува лингвистичката природа да се промени заедно со политичката и економската реалност. The Last Lingua Franca не е дело кое е лесно за читање, бидејќи Остлер не ја поседува дарбата за уредно раскажување и е склон кон натрупување на деталите без да мисли на тоа што треба да знае или колку е способен да биде во тек оној кој не е експерт. Она што тој всушност го нуди е потребниот предизвик наспрема конвенционалната мудрост : информативен, размислувачки и освежувачки неповрзан со англоцентрички клишеа.

(Ангела-Александра Ивановиќ)

Извори :
Критика во The Guardian од Deborah Cameron за Тhe Last Lingua Franca од Nicholas Ostler
http://www.guardian.co.uk/books/2010/dec/04/last-lingua-franca-ostler-review

Advertisements
This entry was posted in Куриозитети, Лингвистика and tagged , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s