Shakespeare and Company

Image

Вистински рај за љубителите на книги и за сите номади. Најфотографирана книжарница во светот. Повеќе од половина век собиралиште на славни писатели. Симбол на боемскиот дух на Париз.    Прв издавач на забрануваниот “Улис од Џејмс Џојс. Бесплатно преноќувалиште на повеќе од 50.000 млади писатели и уметници од сите страни на светот. 

Ах, кога само ѕидовите би можеле да раскажуваат…

Shakespeare and Company не е една туку две славни и магични книжарници на Левиот брег на Сена во Латинскиот кварт во Париз. Првата книжарница ја отворила Американката Силвија Бич во 1919 год. и многу брзо ја преселила на улицата Odéon. Книжарницата била епицентар на англо-американска книжевна култура и модернизам во Париз и собиралиште на славни писатели и уметници од “изгубената генерација како Ернест Хемингвеј, Ф.Скот Фицџералд, Џејмс Џојс, Езра Паунд, Гертруда Штајн и многу други.  Во книжарницата можело да се купуваат или позајмуваат контроверзни дела како “Љубовникот на Лејди Четерли од Д.Х. Лоренс која била забранета во САД и во Обединетото Кралство во тоа време.

Џејмс Џојс кој ја користел книжарницата како своја канцеларија и го дал прекарот “Stratford-on-Odéon” според родното место на Шекспир. Првата публикација на “Улис од Џејмс Џојс ја направила токму Силвија Бич во 1922 год. во време кога никој не сакал да ја објави и била забранета во САД и во Обединетото Кралство.

Image

Книжарницата била затворена за време на нацистичката окупација на Париз и иако Ернест Хемингвеј како мајор во војската на САД во 1945 год. влегол со тенк во книжарницата и лично ја ослободил таа сепак никогаш повторно не била отворена. Сеќавајќи се на Силвија Бич многу години подоцна кога веќе бил богат, славен и со Нобелова награда во рацете, Ернест Хемингвеј изјавил: Никој што сум го познавал никогаш не бил толку добар со мене.

Американецот Џорџ Витман во 1951 год. ја отворил втората книжарница. Тој по Втората светска војна се нашол во Париз и не сакајќи да се врати во САД се запишал на Université de Sorbonne за да си го подобри францускиот јазик. Се сместил во мала хотелска соба и за време на студиите собрал голема колекција на англиски книги. Не заклучувал врата и секој ден собата му се полнела со луѓе кои доаѓале да читаат и кои ја користеле неговата хотелска соба како библиотека и книжарница. По предлог на еден пријател изнајмил мал стан наспроти Notre Dame de Paris во Латинскиот кварт, центарот на креативноста и интелигенцијата, каде ја отворил книжарницата “Le Mistralпо името на првата девојка во која бил вљубен.  Исто како и оригиналната книжарница и оваа станала собиралиште на боемскиот Париз и била посетувана од писатели од “бит генерацијата” како Вилјам Бароус. Во 1964 год. Џорџ Витман во чест на Силвија Бич ја преименувал книжарницата во Shakespeare & Company. Клиенти на книжарницата станале Анаис Нин, Ричард Врајт, Семјуел Бекет, Рудолф Нурејев, Хенри Милер, Џеки Кенеди, итн.

Инспириран од гостољубивоста на локалното население во Јужна Америка, каде многу патувал, Џорџ Витман уште од самиот почеток дозволувал млади писатели и уметници да живеат и да работат во книжарницата поставувајќи 13 кревети за спиење меѓу полиците преполни со книги. Цената за престојот била обврската да прочитаат една книга дневно. Млади луѓе и ден денес престојуваат, продаваат книги,  готват, читаат, пишуваат, зборуваат, размислуваат во оваа несекојдневна книжарница. Повеќе од 50.000 млади луѓе преноќиле во Shakespeare & Company во текот на годините. Многу од нив денес добро ги познаваме.

3998487

Џорџ Витман или Дон Кихот од Латинскиот кварт како што го нарекуваа симпатичниот ексцентрик почина во 2011 год. на 98 годишна возраст. Погребан е на познатите гробишта Père Lachaise во Париз во друштво на Оноре де Балзак, Оскар Вајлд, Молиер, Марсел Пруст, Гертруда Штајн, Ричард Врајт, Гијом Аполинер, Лафонтен, Марија Калас, Исидора Данкан, Едит Пјаф, Фредерик Шопен, Жорж Бизе, Џим Морисон и многу, многу други.

По неговата смрт книжарницата премина во рацете на неговата ќерка Силвија Бич Витман именувана по сопственичката на оригиналната книжарница. И денес Shakespeare & Company постои како книжарница и специјализирана читална за литература на англиски јазик, интимно место за поетски вечери и промоции, но пред се како културна институција и дом далеку од дома за илијадници писатели, уметници и посетители од целиот свет. Оваа книжарница на три ката е толку славна, посетувана и фотографирана заради својата уникатна историја и боемски дух што се појавува и во многу познати филмови како “Пред зајдисонце на Ричард Линклејтер и “Полноќ во Париз на Вуди Ален.

ImageImage

Ако некогаш патот ве одведе во Париз на Левиот брег на Сена  не ја заборавајте адресата 37 Rue de la Bûcherie, 75005 Paris.

(Наташа Алексоска)

Извори и дополнителни информации:

http://www.shakespeareandcompany.com/

http://www.guardian.co.uk/books/2009/mar/07/shakespeare-and-company-bookshop-paris

http://www.bbc.co.uk/news/magazine-16200094

http://en.wikipedia.org/wiki/Shakespeare_and_Company_(bookstore)

Advertisements
This entry was posted in Култура, Куриозитети and tagged , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s