Конференција за применета лингвистика на ФСЈ на ФОН

lingЦелта на конференцијата е да се претстават и да се споделат трудови, проекти, искуства и сознанија од пошироката област на применетата лингвистика и да се поттикне националната и меѓународната соработка помеѓу експертите од областа на јазикот и комуникацијата.

Ги покануваме да земат учество сите кои професионално се занимаваат со јазикот и неговата примена (истражувачи, наставници, преведувачи, новинари). Конференцијата е отворена и за студенти од додипломски и постдипломски студии, како и за други млади истражувачи од областа на јазикот, литературата и комуникацијата, за кои ќе биде посветена посебна сесија на конференцијата.

 Темите на конференцијата може да бидат поврзани со, но не и ограничени на следните области:
  • Јазик и култура
  • Билингвизам
  • Учење/усвојување на странски/немајчин јазик
  • Наставни методи
  • Преведување и толкување
  • Јазикот во книжевноста
  • Јазикот во струката
  • Анализа на дискурс
  • Прагматика
  • Јазици во контакт

Конференцијата ќе се одржи на 7 јуни (петок) и 8 јуни (сабота) 2013 на Универзитетот ФОН, што се наоѓа на булеварот Војводина бб, 1000 Скопје, Република Македонија.

Работни јазици на конференцијата ќе бидат македонскиот и англискиот јазик.

Сите заинтересирани може да испратат по електронски пат апстракт од 300-500 зборa за презентација од 20 минути најдоцна до 10 март 2013 година на следната адреса: fsj.conf2013@gmail.com Известување за прифаќање на апстрактот ќе добиете најдоцна до 14 април 2013 година.

Котизацијата за учество ќе изнесува 1800 ден., а за студенти 600 ден. Детални податоци за регистрацијата ќе бидат доставени дополнително.

Прифатените трудови ќе бидат објавени во електронски зборник од конференцијата со ISBN број.

Организациски одбор:

Проф. д-р Лилјана Митковска

Доц. д-р Ана Лазарова-Никовска

Доц. д-р Звонко Танески

Виш лектор м-р Наташа Алексоска

Advertisements
This entry was posted in Комуникологија, Конференција, Култура, Лексикологија, Лингвистика, Практика, Превод, Uncategorized and tagged , , . Bookmark the permalink.

2 Responses to Конференција за применета лингвистика на ФСЈ на ФОН

  1. Pingback: Конференција за применета лингвистика на ФСЈ на ФОН | Факултет за странски јазици – ФОН

  2. Pingback: Потсетување за краен рок за пријавување за конференција | Факултет за странски јазици – ФОН

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s