Сте размислувале ли некогаш за јазикот на тишината? ~ Историја на знаковниот јазик ~

Image

Откако неодамна го гледав извонредниот филм The Piano, кој топло би го препорачал на сите оние кои сé уште не го имаат гледано, останав инспириран да напишам збор-два за историјата на јазикот на тишината ( знаковниот јазик ).

Постои една изрека која вели: ,, Понекогаш навистина не вреди да слушаш што зборуваат луѓето, обично ништо освен глупости не излегуваат од нивните усти . Но и покрај тоа, со векови останува да лебди едно неодговорено прашање: кој е творец на знаковниот јазик и од каде датираат неговите корени?

Претпоставувам дека една од најлогичните теории би го тврдела следново: никој друг освен самите неми и глуви луѓе не би бил доволно способен да го создаде јазикот кој тие го употребуваат. До одредена мера, би рекол да, оваа теорија држи вода, бидејќи не би можел да замислам група луѓе да останат без никаков начин за меѓусебна комуникација, зошто во самите човечки гени лежи потребата за изнаоѓање начин за општење со средината. Ништо чудно, па нели првобитниот начин на комуникација бил сочинет од гестови, мимики, знаци и испуштање звуци.

Многубројни научници кои својот живот го посветиле на проучувањето на знаковниот јазик тврдат дека во самиот негов развој се издвојуваат три периоди:

  • Праисториски период – и самите научници спорат за тоа дали гестикулацијата претходи на вокалната комуникација
  • Антички период
  • Ренесансен период


За време на Античкиот период Аристотел изјавил дека: говорот и јазикот се еден ист поим, а луѓето кои не можат да зборуваат се означени како неспособни за учење, не предвидувајќи дека оваа негова мисла ќе фрли клетва врз немите, кои со векови ќе бидат оставени да опстојуваат на маргините на општеството.

Ваквата ситуација останува непроменета сé до шеснаесеттиот век ( периодот на Ренесансата ) кога италијанскиот лекар Џироламо Кардано ( Girolamo Cardano ) изјавува дека: немите луѓе можат да слушаат читајќи, а да зборуваат пишувајќи. Поттикнати ваквата замисла да ја применат практично, шпанските свештеници Хуан Пабло Бонет ( Juan Pablo Bonnet ) и Педро де Понце (Pedro de Ponce), кои и самите со векови ги употребувале знаците за комуникација во манастирите, во 1545 година го формираат првото училиште за глуви лица во просториите на манастирот Сан Салвадор де Она, каде истите ги подучувале да читаат и пишуваат користејќи го знаковниот јазик.

Во 1775 година, семето на знаковниот јазик посеано во Шпанија ги пушта своите корени и во Франција, каде опатот Чарлс Мајкл од Париз го основа првото бесплатно училиште за глуви луѓе. Опатот ги учел како да развијат посебен систем за комуникација кој вклучувал гестови, знаци формирани со помош на рацете и спелување со помош на прстите. Чарлс Мајкл бил првиот кој детално го проучил знаковниот јазик употребуван од страна на глувите и немите лица од Париз, што подоцна му помогнало да ја формира првата верзија на знаковно зборуваниот Француски јазик.

Новитетот кој брзо се развивал низ територијата на Европа, набргу станува популарен и на американското тло, инспирирајќи го свештеникот Томас Хопкинс Галаудет ( Thomas Hopkins Gallaudet ), кој се заинтересирал да му помогне на својот сосед чија ќерка била глува, да замине во Европа во 1815 година и да ги проучи методите на комуникација помеѓу глувите лица. За време на неговиот престој во Англија, Томас добива покана од еден француски опат да го посети неговото училиште за глуви лица во Париз. Откако поминува неколку месеци таму, Томас се враќа назад во Америка со себе поведувајќи го Лаурент Клерк ( Laurent Clerc ) – професор по знаковен јазик во училиштето во Париз. Томас Галаудет го формира првото училиште за глуви лица во Америка, лоцирано во Хартфорд, Конектикат, а Лаурент Клерк станал првиот професор по знаковен јазик во Америка.

За крај кратко видео од филмот кој послужи како инспирација за пишување на статијата. Се надевам дека ќе уживате!

(Дарко Ѓорѓијовски)

Advertisements
This entry was posted in Комуникологија, Лингвистика and tagged , , , , . Bookmark the permalink.

One Response to Сте размислувале ли некогаш за јазикот на тишината? ~ Историја на знаковниот јазик ~

  1. stranskijazicifon says:

    Многу интересно! Thanks. 🙂
    (И.Ж.)

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s