Незнаевте или не знаете?

grammarlady 

        Кога не го знаеме одговорот на некое прашање, често бараме помош на интернет. Иако ова не е погрешно, сепак треба секогаш да внимаваме кои информации се проверени и важат за точни, а кои не. Голем дел од текстовите кои ги читаме по интернет страниците не се лекторирани, па заради тоа примаме информации кои не се проверени. Особено е важно за оние луѓе чија професија е поврзана со познавање на јазици, да ги знаат и употребуваат правописните правила, но тоа не значи дека не ги засега сите останати чии професионални интереси не се дел од областа на јазикот. 🙂 За да бидеме комплетни во секој поглед, успешни во својата професија, но и способни да комуницираме на едно повисоко ниво со другите, од огромно значење е да го познаваме својот мајчин јазик и сите негови правила, бидејќи само така ќе имаме можност да оствариме успешна комуникација со било која личност во нашиот живот.

      Една од работите кои би требало сите да ги знаеме е дека негацијата во нашиот јазик не се пишува споено со глаголот кој го негираме. Примери за вакви грешки, кои за жал се многу чести, се : незнам, несакам, неможам и сл. Сите овие всушност се пишуваат не сакам, не знам, не можам, не одам, не треба итн. 

      Надредниот знак (`) во македонскиот јазик се употребува само во три случаи. Го сретнуваме над буквите е и и, и тоа само во кратките заменски форми ѝ (нејзе ѝ), нè (нас нè) и над самогласката е во прилогот сè (зеде сè со себе). Надредениот знак го употребуваме за да не се помеша кратката заменска форма ѝ со сврзникот и, негацијата не со кратката заменска форма нè и кратката заменска форма се со прилогот сè.

        Иако има многу луѓе кои забораваат да стават надреден знак над е во сè, секако постојат и такви кои се свесни дека треба да го употребат. Но, баш поради тоа често прават грешки при ставање на надреден знак кога сè е употребен во сложени зборови како сеедно и севкупно во кои не треба да се употреби надреден знак. Сè уште (не сеуште 🙂 ) е исклучок од ова правило, бидејќи се пишува одвоено и прилогот го задржува надредениот знак.

       Само во наведените случаи се употребува надреден знак. Сите останати употреби, како нѝ наместо (кратката заменска форма од нам) ни и ѝм наместо (кратката заменска форма од ним) им, се погрешни.

       За крај, ако сакате да бидете најјаки (не најаки), запомнете ги овие правила и ќе бидете чекор понапред кон остварување на вашите цели, бидејќи јазикот е навистина нашето најголемо богатство. 🙂

(Ангела-Александра Ивановиќ)

Извори :
http://www.wikipedia.org
http://lektormk.blogspot.com

Advertisements
This entry was posted in Грешки и отстапки and tagged , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s