Дали знаете кога за првпат жените добиваат дозвола да се појават како актерки на англиската театарска сцена?

Image

За сите оние кои ќе помислат дека можеби оваа статија е off-topic на нашиов блог би им препорачал да не избрзуваат со донесувањето на таков суд барем сé додека не ја прочитаат истата до крај.

Имено, главниот ,,виновник” кој ме натера да размислувам на оваа тема, а воедно и да ја напишам оваа статија е повторно еден прекрасен филм, кој верувајте, за секој кој на било каков начин е поврзан со јазиците, без разлика дали како страстен полиглот или пак од научен аспект, ќе претставува вистинско уживање – конкретно станува збор за филмот Stage Beauty.

Приказната започнува вака: Лондон, XVII век, Англија сé уште закрепнува од суровото осумнаесетгодишното пуританистичко владеење и овој пат е на прагот на повторното обновувањето на корените на старата монархија поставувајќи го во 1660 год. кралот Чарлс II на врвот на англискиот трон, што воедно претставува и крај на долгогодишната забрана за поставување на театарски претстави. И самиот крал кој бил огромен љубител на театарот се погрижил повторно да го оживее и врати во мода стариот сјај на надалеку познатиот англиски театар, што всушност во практика воопшто не се покажало како тешка мисија, бидејќи народот бил и онака ,,изгладнет” за добро парче театарска претстава.

Сега следува една мала брканица низ вековите. Како што знаеме за време на владеењето на една од најомилените англиски кралици – Елизабета I, односно Златното доба на англиското кралство, литературата, а воедно и театарот го доживуваат својот најголем расцут. Шекспировиот театар кој станува синоним за елеганција, оригиналност и квалитет фрла сенка врз сите останати, не оставајќи простор за конкуренција.

Најпознатите драми напишани од мајсторското перо на извонредниот Шекспир, се поставувале насекаде низ Англија, но со еден мал исклучок. Јулија, Клеопатра, Офелија, Хермија и плејада останати женски ликови биле глумени од страна на мажи. Сигурен сум дека било неверојатно интересно, а воедно и предизвик, да се гледа како маж доловува толку женствени ликови на сцената, притоа подеднакво освојувајќи ги вниманието и симпатиите како кај машката така и кај женската публика. Колку и да ни изгледа контроверзно, во тие времиња да се биде актер кој е способен да глуми женски ликови, претставувало предизвик, посветување, макотрпна работа, а до извесна мера и привилегија. И самите актери го потврдувале фактот дека доловувањето на женски лик на сцената претставувало една цела филозофија и уметност која малкумина биле способни да ја изведат.

Се враќаме назад во XVII век. Белешките од еден стар дневник го потенцираат следново: ,,Без сомнение најубавата дама на целата англиска сцена е актерот Нед Кинастон. Овие зборови само ја докажуваат успешноста на машките актери во интерпретацијата на едни од најпредизвикувачките ликови за глумење, што денеска претставува предизвик и искушение дури и за најталентираните актерки. Но и покрај неговата успешност на сцената, името Нед Кинастон се поврзувало и со бројни контроверзности и пикантерии. Едни од нив биле и гласините дека тој бил љубовник на војводата од Бакингам. Уште од првите почетоци на театарот, ваквите гласини поврзани за хомосексуалните врски на актерите со видни благородници, станале честа мета на црквата, која не го одобрувала преправањето на машките актери во жени и истите остро ги осудувала за вршење содомија. Знаејќи го влијанието на црквата врз кралот, а и самиот факт што периодот на крајот на XVII век се поврзува со значајни промени, доведува до донесување на еден круцијален закон кој еднаш засекогаш ќе ја промени историјата на театарот.

Имено, Чарлс II донесува закон со кој се забранува машките актери да ги интерпретираат женските ликови во театарските претстави. Овој закон претставува ренесанса на театарот во вистинска смисла на зборот. Конечно, жените ќе добијат прилика да стапнат на сцената, што воедно ќе ѝ овозможи и на широката публика да доживее една сосем поинаква интерпретација на дотогаш извештачената машка природа на женските ликови. Името со кое се поврзува официјално првата професионална женска актерка на англиската театарска сцена е Маргарет Хјус (Margaret Hughes). Како што самите извори потврдуваат, извонредно талентираната и убава Маргарет изнудувала воздишки со својата појава, а нејзината изведба на сцената била опишана како вистинска уметност. Своето деби Маргарет го доживеала со изведбата на Дездемона од Шекспировата драма ,,Отело, оставајќи ја публиката во транс, за што добила и повеќе од десетминутна овација, запишувајќи го своето име како првата професионална актерка која настапила на англиската театарска сцена.

margaret hughesМаргарет Хјус (Margaret Hughes)

            За оние кои сé уште не го имаат гледано филмот Stage Beauty и за оние кај кои се разбуди желбата да го гледаат истиот во прилог следува кратко видео. Поглденете го, сигурен сум дека нема да зажалите!

Дарко Ѓорѓијовски

Advertisements
This entry was posted in Култура, Куриозитети and tagged , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s