Parlez-vous français? – Зошто е добро да знаеме француски

Image

Со секој нов научен јазик ни се прошируваат не само знаењето и размислувањата, туку и можностите за подобра работа, поголем успех и поголеми награди. Мандаринскиот јазик е најшироко распространет и употребуван, но речиси за сите тежок за учење, додека англискиот јазик кој служи како лингва франка, е многу полесен за разбирање поради неговата постојана употреба во секојдневниот живот. Но, покрај англискиот јазик, постојат и други јазици како што се францускиот, германскиот, италијанскиот и шпанскиот кои би ни биле од неизмерна корист доколку ги познаваме. Еве неколку причини зошто да почнете да го учите францускиот јазик, ако досега веќе не сте почнале. 🙂

1. Каде се зборува на француски јазик?
Францускиот јазик е официјален јазик на Франција, но се користи и во Монако, Луксембург, делови од Белгија и Швајцарија, во канадската покраина Квебек, делови од Северна и Централна Африка, Виетнам, Мадагаскар, во некои прекуокеански француски територии и сѐ уште може да се слушне во некои заедници од француско потекло во САД, како Мејн и Луизијана. Речиси каде и да шетате по светот, ќе наидете на франкофони и ќе можете да комуницирате со нив. 🙂

2. Неколку работи кои веќе ги знаете на француски
Бидејќи голем дел од зборовите во англискиот јазик се од француско потекло, иако можеби никогаш не сте го учеле францускиот јазик, вие веќе знаете многу француски зборови.
Дали сте имале déjà vu во последно време? Во restaurant или café можете да најдете olives, pâté, omelette на менито (menu), исто така soufflé или чоколаден mousse за dessert. Ah, c’est la vie ! Како помош може да ви послужи тоа дека повеќето француски зборови кои завршуваат на –tion или –sion се пишуваат исто на англиски и најчесто го имаат истото значење, како што се зборовите : participation, action, intuition, élection, décision, infusion, passion.

3. Зошто е добро да го знаеме францускиот јазик
Има нешто повеќе во францускиот јазик од тоа дека го сметаат за најромантичен јазик на светот. 🙂 Го зборуваат над 220 милиони луѓе во светот и после англискиот е втор најчесто учен странски јазик. Францускиот јазик е официјален јазик на многу интернационални и невладини организации, како што се ОН, ЕУ, НАТО, IINTERPOL, UNESCO, International Olympic Committee, International Labor Organization, International Red Cross, Amnesty International и Doctors without Borders. Францускиот исто така е единствениот официјален јазик на Universal Postal Union. Покрај сето ова, убаво е да го знаеме францускиот јазик бидејќи многу од познатите книги на англиски, се всушност оригинално напишани на француски или од француски автори, а веќе ни е добро познато на сите дека секоја книга е многу подобра кога ја читаме на јазикот на кој е напишана. Ова главно се случувало помеѓу XVIII и XX век, а примери од вакви познати книги се : ‘The Three Musketeers’, ‘The Hunchback of Notre Dame’, ‘The Phantom of the Opera’, ‘The Count of Monte Cristo’, ‘Bluebeard’, ‘Sleeping Beauty’ и ‘Cinderella’.

*Дали е тешко да се научи францускиот јазик ?
Француската граматика има многу сличности со шпанската и италијанската, бидејќи припаѓаат на иста група романски јазици и водат потекло од латинскиот јазик. Ако учите француски, треба да обрнете внимание на родот, конјугациите на глаголите и изговорот. Некои вокали имаат акценти и неколку често употребувани глаголи се неправилни, како што се следниве глаголи :

être – англ. to be ; итал. essere
aller – англ. to go ; итал. andare
avoir – англ. to have ; итал. avere
venir – англ. to come ; итал. venire

Зборовите кои завршуваат на –ly во англискиот јазик, во францускиот завршуваат на –ment, па затоа можете лесно да ги препознаете кога ќе им ги замените суфиксите. Примери :
rapidement – rapidly ; exactement – exactly и др. Не успева секој пат, но може да ви помогне ! 🙂
Ако сте учеле шпански или италијански пред да почнете да учите француски, ќе ви биде многу полесно да го совладате, бидејќи има премногу сличности кои ќе ви помогнат, но како и да е, не е толку тешко, потребнo е како за секој јазик само голема желба и континуирана работа.

(Ангела-Александра Ивановиќ)

Advertisements
This entry was posted in Лингвистика and tagged , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s