Goodreads

Goodreads е веб страна (http://www.goodreads.com/) која ни овозможува да се дружиме со останатите љубители на книги ширум светот. Мотото на Goodreads e: Запознајте ја вашата следна омилена книга!

Goodreads семејството има 13 милиони членови. Секој член  може да пишува критики и да креира bookshelves со книгите кои веќе ги прочитал, книгите што ги чита во моментот и оние книги кои би сакал да ги прочита во иднина. Постои опција да означите колку ви се допаднала книгата што сте ја прочитале. Откако ќе го направите тоа за 20 книги, Goodreads препорачува што следно да читате.

На Goodreads може дури и да освоите бесплатна копија од некоја книга. Единствен услов е таканаречениот  giveaway да е отворен и за членовите од Македонија. (Оние кои ќе напишат Review за книгата која ја добиле имаат поголеми шанси повторно да добијат книга)

Членовите може да се приклучат во групи и да читаат истовремено со своето пријатели. (Пример. Happily Ever After Café, The Perks of Being a Bookworm, Ladies & Literature) Овие групи секој месец читаат одреден број на книги и потоа дискутираат за содржината.

Што друго нуди Goodreads?

Goodreads овозможува и споделување на вашите омилени цитати, тестирање на знењето за одреден жанр или книга, читање е-книги (http://www.goodreads.com/reader/421-pride-and-prejudice?return_to=%2Fbook%2Fshow%2F1886.Pride_and_Prejudice) итн.

За крај, погледнете некои Goodreads факти за 2012 година:ImageImageImage

Image

Се гледаме на Goodreads, Bookworms!

(Стефани Табаковска)

Advertisements
This entry was posted in Книги and tagged , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s