J’aime le français!

Image

“French is the language that turns dirt into romance” – Stephen King

  1. Францускиот е официјален јазик во 32 држави и е втор најизучуван странски јазик во светот веднаш после англискиот јазик. Има повеќе од 100.000.000 изучувачи и 2.000.000 професори по француски јазик.
  2. Францускиот јазик има повеќе од 1 милион  зборови (иако само 100.000 се вклучени во речникот Grand Robert) и секоја година се креираат нови 20.000 зборови. Последни зборови кои се вклучени во речникот Petit Robert од 2013 година се “belgitude” (set of traits of Belgian culture), “cyberdépendance” (Internet addiction) и “nuage informatique” (cloud computing).
  3. Најдолг збор што може да се најде во француските речници е anticonstitutionnellement (25 букви) што значи противуставно, но има и подолги зборови,на пример, hexakosioihexekontahexaphobie (29 букви) кој го претставува научниот термин за стравот од бројот 666!
  4. Терминот “mayday” кој се користи како сигнал за помош (SOS) доаѓа од францускиот израз “M’aidez” со значење “Помогнете ми”.
  5. Во просек потребни се 15-20% повеќе француски зборови кога се преведува текст од англиски на француски јазик.
  6. Во времето на Француската Револуција само 25% од Французите зборувале француски како мајчин јазик. Францускиот повеќе се зборувал во тоа време во Холандија и во Германија отколку во некои делови на Франција.
  7. Француската азбука има 26 букви и е идентична со англиската, но буквата w никогаш не била дел од француската азбука. Таа прв пат се појавила како 23-та буква во изданието на речникот „Le Robert“ дури во 1964 година. Сите зборови коишто ја содржат буквата w се од странско потекло.
  8. Зборовите délice, amour и orgue се машки род кога се во еднина, но женски род кога се во множина!
  9. Францускиот има 89% лексичка сличност со италијанскиот јазик, 75% со шпанскиот, португалскиот и романскиот, 29% со германскиот и 27% со англискиот јазик.
  10. Една од најдолгите реченици во литаратурата ја напишал францускиот писател Victor Hugo во романот “Les Miserables” (“Клетници“) и се состои од 823 зборови.

(Ана Јанкуловска)

(Извор:http://home.yourprofessionaltranslator.com/2012/07/guest-post-cool-facts-about-french.html ; http://tfli.org/diablog/?p=184 ; http://goarticles.com/article/21-interesting-facts-about-french-language/4791217/)

Advertisements
This entry was posted in Култура, Куриозитети, Лексикологија, Лингвистика and tagged , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s