La bellezza della lingua italiana

Image


Зошто да го учите италијанскиот јазик ?

Можеби само сте вљубени во преубавата Италија, или можеби сте заљубени во некој од Италија, можеби сте музичар кој сака да знае што точно adagio, allegro или andante значат, или пак оперски пејач кој сака да го усоврши својот изговор. Можеби некој ви кажал дека италијанскиот јазик е многу полесен за учење од англискиот (не е точно). Можеби сакате да го научите италијанскиот јазик поради некоја од овие причини или некоја друга? Без разлика на тоа која е причината која ве мотивирала да посакате да го научите овој прекрасен јазик, ви ветуваме дека ќе откриете еден сосема нов свет кога ќе почнете да го учите. Buon viaggio !

Италија се наоѓа меѓу центрите на западната цивилизација. Познавањето на италијанскиот јазик е корисен за многу работи, но и есенцијален ако студирате некои области како историја, литература, музика, уметност, бизнис и економија. Од XIII до XVI век, Италија била најбогатата земја во Европа и токму таа е родното место на Западната култура, капитализмот и банкарството, науката, филозофијата и светските истражувања. Во денешниот свет, Италија е седма светска економска сила со бруто домашен производ од 1.7 трилиони долари и е член-основач на Европската Унија.

Покрај тоа, интересен е податокот дека италијанскиот јазик е сè почесто изучуван насекаде низ светот, па дури и во Америка, каде е зачудувачки голем процентот на еднојазични жители. Италијанскиот јазик е 4ти најизучуван странски јазик на американските универзитети, а заинтересираноста за овој јазик се зголемува секоја година.

Знаете ли само колку прекрасни литературни дела се всушност напишани од италијански автори? Данте, Петрарка, Бокачо, Макијавели, Медичи, Полицијано, Пулчи, Бојардо и Санцаро се само мал дел од оние италијански имиња кои се насекаде познати и чии дела се од огромно значење. Но сепак, ниеден превод од италијански на било кој друг јазик не е достоен за нив, бидејќи самиот јазик на кој се напишани овие дела има своја уникатна убавина. Секој што го прочитал епското дело La Divina Commedia во оригинален формат, може да го потврди ова. 🙂

 Покрај придонесот на Италијанците во светската литература, огромен е и нивниот придонес во областа на музиката (Верди, Пучини, Росини, Белини…), а особено операта, но и во уметноста (да Винчи, Микеланџело, Солери…) и науката (Галвани, Волта, Маркони…). За подобро да ги разбереме италијанските уметници и нивната порака, треба да го познаваме нивниот јазик и култура. 🙂

 Но, ако сè уште се двоумите дали да го учите овој прекрасен јазик, дозволете ми да пробам да ве заинтригирам со неколку причини зошто :

1. За да разберете што сака да каже Павароти додека пее нешто на италијански во високо C.
2. За да можете да нарачате храна во италијански ресторан (да нарачате кафе не би требало да ви претставува проблем, и онака macchiato, cappuccino, latte и espresso се италијански зборови).
3. За да го изберете вистинскиот број на облека во бутик на Армани во Фиренца.
4. За да студирате историја на уметност во градот каде што е роден Микеланџело.
5. Бидејќи речиси сите велат дека е најубавиот јазик во светот.

Океј, сега се на ред вистинските причини 🙂 :

 1. Повеќе од 80 милиони луѓе во Италија и во други земји од Европа зборуваат на италијански.

2. Со учење на италијанскиот јазик, многу подобро ќе ја разберете културата на жителите на оваа прекрасна земја, како и сликарството, архитектурата и музиката.

3. Доколку знаете италијански, многу полесно ќе ги совладате другите романски јазици кои не сте ги учеле претходно.

4. Италијанскиот јазик се развил од латинскиот (како и другите јазици од романска група), а огромен дел од англискиот вокабулар води потекло од латински зборови. Па затоа, познавањето на италијанскиот јазик може да ви помогне да си го подобрите англискиот.

5. Италија е една од водечките економии во светот и многу од работодавците бараат луѓе кои го познаваат и италијанскиот јазик покрај англискиот. Околу 7,500 американски компании соработуваат со Италија и повеќе од 1,000 американски компании имаат канцеларии во Италија како што се IBM, General Electric, Motorola, Citibank, Hewlett Packard и Pricewaterhouse Coopers. Исто така, многу италијански фирми имаат свои канцеларии и во Америка.

6. Познавањето на италијанскиот јазик е многу корисно за повеќе професии. Италија е светски лидер во кулинарство, внатрешен дизајн, мода, графички дизајн, дизајн на мебел, производство на делови за машини, роботика, електромеханичка машинерија, изградба на бродови, конструктивна машинерија, транспортна опрема и др.

 7. Италија е меѓу трите најдобри земји во светот за медицинска грижа.

8. Италија е меѓу 10те најдобри туристички места во светот.

9. Италијанскиот јазик е јазикот на хуманизмот, операта, филмот, науката, модата, дизајнот и кулинарството.

10. Културното значење на Италија е огромно, уште од античкиот период, па сè до денес, од кои римскиот и ренесансниот период се најважни.

Сите овие работи се важни, а за жал често ни се достапни документи со погрешни преводи и за тоа не сме свесни. За да го усовршите вашето познавање од некоја област која ја студирате или ве интересира, а можете да најдете многу податоци напишани оригинално на италијански, научете го овој преубав јазик и дознајте сè што сакате да знаете. Бидете најдобри. 🙂

(Ангела-Александра Ивановиќ)

Извори :

http://polyglots.hubpages.com/hub/10-reasons-to-learn-Italian
http://www.italiancenter.net/pdfs/reasons_to_learn_italian.pdf

Advertisements
This entry was posted in Култура, Лингвистика and tagged , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s