Холивудските ѕвезди зборуваат странски јазици !?

images

Некои од најголемите филмски ѕвезди од Холивуд течно зборуваат странски јазици. Навикнати да ги слушаме секогаш да зборуваат на англиски јазик станува многу забавно кога ќе прозборат на германски, француски, италијански, руски, шпански, па дури и на африкаанс.

Проценете сами која од овие ѕвезди најдобро го владее изучуваниот странски јазик.

Холивудската ѕвезда Сандра Булок често во младоста патувала низ Европа со мајка и, оперска пеачка со германско потекло која настапувала на оперските сцени, и имала можност течно да го научи германскиот јазик што може да се види од видеото од доделувањето на Бамби наградите во Германија. Би било неверојатно да можеме вака добро да го зборуваме германскиот јазик:

Не само што магазинот People го прогласи за Најсекси маж на планетата за 2012 година холивудскиот актер Бредли Купер течно знае да зборува и на најсекси јазикот на планетатафранцускиот јазик кој го научил додека бил една година на студентска размена и живеел во француско семејство во Екс-ан-Прованс што секако не му штети на имиџот на заводник. Погледнете го интервјуто и сконцентрирајте се на говорот:

Британскиот актер и холивудски миленик Колин Фирт почнал да посетува часови по италијански јазик кога започнал да излегува со својата идна сопруга, Ливиа Џуџоли, како што самиот изјавил, за тие двајца да станат многу поблиски! Има ли поромантична причина за учење италијански јазик? Погледнете го видеото од интервјуто:

Холивудската актерка позната по своите остроумни одговори на новинарските прашање, Мила Кунис, за време на промоцијата на новиот филм во Москва со својот збунет колега Џастин Тимберлејк покажа дека е фантастично чувството да се знае да се зборува руски јазик:

Холивудската актерка Гвинет Палтроу кога имала 15 години поминала една школска година во Шпанија каде го учела шпанскиот јазик. Толку многу биле воодушевени Шпанците од нејзиното познавање на јазикот што градчето Talavera De la Reina во 2003 година ја прогласило за “усвоена ќерка на градот”. Слушнете дел од емисијата посветена на вкусовите на Шпанија:

Холивудската ѕвезда Шарлиз Терон зборува англиски јазик без акцент и затоа многумина забораваат дека таа всушност потекнува од Африка, поточно од Јужноафриканската Република. Но, кога ќе прозбори африкаанс сфаќаме колку е кул да се познава еден ваков необичен јазик. Во интервјуто со новинарот Пирс Морган тоа јасно го демонстрира:

Постојат многу други филмски ѕвезди, спортски ѕвезди и познати политичари кои зборуваат течно еден, два или повеќе странски јазици. На пример, филмските диви Џејн Фонда, Џоди Фостер, Кристин Скот Томас, заводничките од големото платно Моника Белучи и Дајан Кругер и државниот секретар на САД Џон Кери беспрекорно зборуваат француски јазик, претседателот на САД Барак Обама го владее шпанскиот јазик, спортската мегаѕвезда Коби Брајант течно зборува италијански јазик, шармантните Дона Самер, Џералд Батлер и Ким Катрел со леснотија зборуваат германски јазик, итн.

Секако дека познавањето на странските јазици многу им помага денес во нивните кариери, но лично сум убедена дека кога започнувале да учат странски јазици, на тие почетни часови кога ги правеле првите несигурни чекори, не мислеле на идните кариери туку на задоволството и восхитот кој сите ние го чувствуваме во моментот кога ќе се искачиме на првата јазична висорамнина и ќе прозбориме на тој нов, до вчера непознат, јазик.

(Наташа Алексоска)

Извори и дополнителни информации:

http://french.about.com/od/teachingresources/a/celebrities.htm http://www.ranker.com/list/the-16-most-surprisingly-bilingual-celebrities/calistylie http://www.zimbio.com/Casey+Affleck/articles/WPv56pO8wiq/10+Actors+Surprisingly+Fluent+Other+Languages

 

 

 

Advertisements
This entry was posted in Забава and tagged , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s