10 најтешки светски јазици

chinese-dictionaries

Позната веб страница која се занимава со рангирање на сè и сешто, објавила листа на најтешки светски јазици за учење. Трн во око на странците им се главно јазиците од далечниот исток, како и словенските и балканските јазици. На врвот се кинескиот, арапскиот и рускиот.

Азиските јазици ги фрустрираат учениците: на листата на најкомплицирани јазици очекувано доминираат азиските јазици. Така, на листата на топ 10 најтешки јазици се нашле дури четири од нив, со тоа што кинескиот е на самиот врв. Освен кинескиот (мандарински), како особено тешки се рангираат и виетнамскиот, хинду и јапонскиот. Освен овие четири азиски, при врвот на листата се нашол и арапскиот јазик, кој освен на Блискиот исток се говори и во земјите на Северна Африка.

Повеќето луѓе кои учат кинески, а мајчиниот јазик не им е сроден, наидуваат на бројни тешкотии во совладувањето на истиот. Кинескиот јазик е еден од најстарите на светот и со најголем број на говорници на кои им е мајчин јазик. Се развивал во неколку фази во текот на три илјади години. Посебни проблеми на учениците им создава и фактот што пишаниот јазик е логографски, односно еден израз може да значи поим или слог, а со нивна комбинација се добиваат сложени конструкции. За да им се олесни учењето на странците, спроведен е процес на латинизација. Друга важна карактеристика на кинескиот јазик е тоналноста на говорниот јазик: значењето на зборовите се менува зависно од тонот, што овој јазик го прави многу тежок за разбирање.

Што се однесува до Европа, странците посебен акцент ставаат на рускиот и унгарскиот, а не се претерано воодушевени и од грчкиот и од полскиот. Грчкиот и унгарскиот спаѓаат во малцински јазични групи на стариот континент, па по својата природа се многу необични и имаат тешка граматика.

Топ 10 најтешки јазици:

1.кинески

2.арапски

3.руски

4.исландски

5.хинду

6.хрватски

7.виетнамски

8.унгарски

9.јапонски

10.грчки

(Елена Шпољариќ, трета година)

Извор: Македонски портал за забава

Advertisements
This entry was posted in Забава and tagged , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s