Платена практика во Европскиот центар за модерни јазици при Советот на Европа

Европскиот центар за модерни јазици во Грац (Австрија) им помага на 34 земји членки да ги имплементираат јазичните политики. Два пати во годината оваа институција на Советот на Европа објавува повик за практика во времетраење од 6 месеци. Практикантите треба да владеат еден од двата работни јазици на Советот на Европа (англиски и француски) и да имаат основно познавање од германски јазиk. Практикантите се потребни во четири сектори: центарот за документација и ресурси, организација на работилници и состаноци, асистирање на веб страната и администивни задачи.Практикантот има право на надомест во износ од 720 евра (од кои 20 се одбиваат за осигурување) и помош при сместување во Грац.

Следниот рок за пријавување е 30 март 2013 година.

Европскиот центар за модерни јазици е сместен во строгото централно подрачје на Грац во модерни простории. Практикантот има 38 часовна недела и 2 слободни работни дена во месецот што значи можност за разгледување на Грац и околината.

Повеќе информации можете да најдете на официјалната веб страна:

http://traineeship.ecml.at/intro/tabid/1823/language/en-GB/Default.aspx

(Наташа Алексоска)

Advertisements
This entry was posted in Европска Унија, Практика and tagged , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s