Проект на Институтот за македонски јазик

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје организира проект: „Јазично планирање и јазичните политики во РМ“. Во рамките на овој проект една од централните теми за проучување претставува статусот на јазиците што се зборуваат во Република Македонија. За таа цел, Факултетот за странски јазици при ФОН Универзитетот на 27. 03. 21013 г. со почеток во 10.30 часот во просторија 315 ќе спроведе анкетирање, односно прашањата ќе бидат групирани во три анкети:

1. Анкета за македонскиот јазик и јазиците што се зборуваат во РМ

2. Анкета за македонскиот јазик и јазиците што се зборуваат во РМ: Јазиците во јавната комуникација

3. Јазикот во формалната и неформалната комуникација

Целта на овие анкети е да се добијат податоци за ставовите на говорителите кон јазиците што се зборуваат во РМ како и за познавањето на странските јазици и потребата од нив во образованието.

Анкетирањето е анонимно и ги опфаќа припадниците на сите етнички заедници што живеат во Република Македонија.

Очекуваме сите студенти активно да се вклучат во оваа иницијатива!

(Лена Илиеска)

Advertisements
This entry was posted in Соопштенија and tagged , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s