Франкофонска пролет!

SAM_0267

Франкофонската пролет 2013 започна со еден прекрасен мултимедијален проект на фотографии, слики, филм, музика, книжевност и танц под наслов Франкофонија Планетариум на академскиот сликар Киро Урдин кој дипломирал на Академијата на пластични уметности во Париз и на Академијата за режија во Париз и кој има изложувано во САД, Швајцарија, Јапонија, Филипините, Шведска, Белгија, Мексико, Порторико итн.

SAM_0262

И покрај навистина силниот дожд сепак студенти по француски јазик од ФСЈ присуствуваа во Музејот на Град Скопје на свеченото отворање на кое се обрати Н.Е. Г-ѓа Лоренс Оер, Амбасадор на Р. Франција во Р. Македонија и Г-ѓата Елизабета Канческа-Милеска, Министер за култура на РМ.

SAM_0280

Интересот за ова ретко претставување пред македонската публика на академик Киро Урдин беше навистина огромен. Сите сали беа преполни со посетители  и во целата гужва студентите сепак успеаја да се запознаат и да поразговараат со академик Киро Урдин. Главна тема на разговорот беше феноменалната слика Планетариум која авторот ја работел во 25 различни земји од светот на сите континенти и афоризмите од кои сите се сложивме дека најмногу ни се допадна следниот:

Пријателот кој е пријател на вашиот непријател не е ваш најдобар пријател. Непријателот кој е пријател на вашиот пријател не ви е вистински непријател.

SAM_0244

Изложбата ќе биде отворена до 28 март 2013 год. Влезот е слободен.

После изложбата студентите го продолжија разговорот во ведра атмосфера во француското бистро “Cafécrêpe” каде уживаа во традиционалните француски палачинки по рецептата на шармантната Noéline!

SAM_0274

SAM_0272

Програмата за  Франкофонската пролет 2013 можете да ја најдете на страната на Францускиот Институт:

http://www.ccfskopje.edu.mk/mk/Home/CultureContent/167

(Наташа Алексоска)

Advertisements
This entry was posted in Активности, Култура and tagged , , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s