Софтвер за учење странски јазици

duolingo_300x200

Последниве седмици постојано наидувам на вести за нешто што се вика Duolingo, особено во контекст на кратење на средства за програмите за странски јазици на американските универзитети, при што студентите изнаоѓаат алтернативни начини за описменување на некој од странските јазици. (Што веројатно зборува дека постои потреба од истото, односно дека укинувањето на ваквите програми е грешка во планирањето на академските содржини, но тоа е друга приказна.)
Како било, по 10-тото споменување на Duolingo, решив да проверам за што станува збор. И досега постоеле бројни софтверски решенија за учење странски јазици (на интернет или на домашниот компјутер), од кои можеби најпознат e пакетот Rosetta Stone (кој нуди изучување на 25 јазика и чини околу 200E).
Наспроти тоа, Duolingo е многу помала платформа: преку неа можете да учите француски, германски, италијански, португалски и шпански (ако веќе знаете англиски), или англиски со шпански, португалски или италијански како основа. Ако бројот на достапни јазици е толку помал од тој во Rosetta Stone (иако постојано се работи на додавање на нови), тогаш зошто е Duolingo толку популарен?

Па, како прво – бесплатен е. Duolingo можете да го користе преку нивната интернет страница или преку нивната апликација за iPhone. На мобилната апликација од скоро нудат и можност за offline учење, при што самата апликација автоматски складира материјал за 1 час учење на вашиот телефон, за случај да останете без интернет конекција. 

Како работи апликацијата? Се регистрирате преку email или Facebook, го избирате саканиот јазик и потоа апликацијата го тестира вашето почетно ниво. Лекциите се усвојуваат и вежбаат со различни типови активности кои ги опфаќаат сите 4 јазични вештини, а целиот приод е сличен на игра: со погрешните одговори губите поени, со точните – добивате, и поминувате на следно ниво. Системот не е сосем интуитивен и потребно е малку време да се навикнете на него, но не е особено комплициран. Развиен е на Carnegie Mellon универзитетот во САД и паралелно со програмата за изучување работи и како масовна платформа за превод. Дали е доволен да се научи странскиот јазик? Прашајте ме за некое време. 🙂

(Во продолжение можете да погледнете видео во кое се споредуваат Rosetta Stone и Duolingo.)

(Ивана Живковиќ)

P.S. Кога веќе ги спомнуваме Rosetta Stone: неодамна тие се најдоа во непријатна ситуација во врска со новогодишна рекламна кампања во која во традиционалната англиска песна “Let it snow!”, зборот “snow” го имаа заменето со преводни еквиваленти на други јазици. За несреќа, на англиски глаголот „снежи“ и именката „снег“ имаат иста форма, но на другите јазици тоа не е случај, па со погрешен избор на формата песната станала „Нека снег!“. 🙂 Повеќе за случајот овде.

Advertisements
This entry was posted in Јазици и технологии. Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s