Преку „Фабрика на знаење“ до заштита на приватноста

fon factory of knowledge

dzlp

 

 

 

 

 

 

Дали знаевте дека постои закон за поставување камера на јавно место и снимање? Дека постои казна доколку Ви побараат копија од лична карта? Дека Ваша фотографија може да се користи само со Ваша претходна согласност?

Не? Тогаш продолжете со читање.

Во рамките на овогодинешниот проект „Фабрика на знаење“, Универзитетот ФОН за прв пат склучи договор за деловна соработка со Дирекцијата за заштита на лични податоци. Малкумина од нас се свесни за ризиците на кои се изложени доколку соодветно не ја заштитат својата приватност, односно личните податоци. А уште помалку знаат за постоењето на оваа државна институција чија главна улога е токму заштитата на личните податоци.

Секојдневно читаме и слушаме за злоупотреба на лични податоци, фалсификување на кредитни картички, кражба на идентитети, интернет кражби и сл. Но мислиме или барем се надеваме дека баш ние сме имуни на ваквите дела, коишто се казниви со закон. Поради нашата, слободно можам да кажам, зависност од Интернетот, сѐ повеќе сме изложени и на Интернет криминал кој опфаќа разни нарушувања на приватноста, злоупотреба на личните податоци и сл.

Цел на договорот склучен помеѓу Дирекцијата за заштита на лични податоци и Универзитетот ФОН е подигнување на јавната свест во Република Македонија за заштита на личните податоци. Според Дирекцијата, прв чекор за заштита е информираноста и превенцијата. Доколку сакате да се информирате повеќе, Ви ја препорачувам нивната веб-страна (http://www.dzlp.mk/)  и страната на Фејсбук. Ќе се изненадите што сѐ содржи Законот за заштита на лични податоци и кои надлежности ги врши Дирекцијата.

(Воскре Шкуртеска)

Извор: http://www.dzlp.mk/

Advertisements
This entry was posted in Активности, Бизнис, Конкурси, Практика and tagged , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s