Трилогијата “Три бои: Сино, Бело и Црвено” – ремек делo на светската филмска уметност

Image

Великанот на источноевропската кинематографија – извонредниот режисер Кшиштов Кешловски – се вбројува меѓу најгенијалните  кинематографи на ХХ век. Кешловски одлучил својот талент да го насочи во создавање уметнички играни филмови (art house). Негово најпознато ремек дело е трилогијата филмови Три бои: Сино, Бело и Црвено (Trois couleurs: Bleu, Blanc et Rouge), создадена во непокорливиот дух на француското мото – слобода, еднаквост и братство (liberté, égalité et fraternité)

Оваа трилогија на едно место ги собира најзвучните имиња од француската актерска елита како: Жилиет Бинош, Жили Делпи, Ирен Жакоб, Eмануел Рива и Жан-Луј Трентињан. Уште еден елемент кој ја зголемува вредноста на ова генијално дело е и успешната соработка помеѓу Кешловски и истакнатиот филмски композитор Збигнев Праизнер (Zbigniew Preisner) кој за целите на оваа трилогија ја создал волшебната музика која совршено се вклопува во секоја од трите приказни правејќи ги неодоливи како за окото така и за увото.

Three Colors Blue (1993)

Како што првата боја на француското знаме е сината, така и првиот филм во трилогијата го носи истиот наслов – Сино (Bleu), пренесувајќи ја првата порака на француското мото: слобода (liberté). Во првиот филм актерката Жилиет Бинош ве остава без здив додека ја гледате како се обидува со сите свои сили да расчисти со болното минато и демоните кои ја прогонуваат, очајнички барајќи ја толку посакуваната и недостижна (емотивна) слобода затоа што одново да се започне да се живее без сеќавања за ужасната трагедија, смртта на нејзиниот сопруг и дете во сообраќајна незгода, е потешко отколку што може да се замисли. Ослободена наеднаш од семејните врски таа се обидува да се изолира од секаков човечки контакт, безуспешно. Сосема очекувано, сината боја е доминантна во палетата бои и таа е спасот за нашата протагонистка која додека нурнува во синилото на водата, нејзино единствено засолниште, заборава на светот и се осмелува да продолжи со својот живот. Актерката Жилиет Бинош за спектакуларната изведба во филмот Три бои: Сино ја доби наградата “Златен глобус” за најдобра женска улога, награда “Златен лав” на Венецијанскиот фестивал за најдобар филм и најдобра женска улога, наградата “Цезар” за најдобра женска улога и наградата “Гоја” за најдобар европски филм.

trescoloresblanco9404Вториот дел, Бело (Blanc) типизиран како антикомедија, разработува една сосема поинаква тематика од првиот. Бидејќи еднаквоста (égalité) е втората порака на познатото француско мото и филмот “Бело” ја отсликува рамнодушноста кон животот. Кешловски со умешност на филмски велемајстор ни го претставува главниот протагонист Карол (Zbigniew Zamachowski) како со рамнодушност гледа во еден подгрбавен старец кој се бори со сите свои сили да стави стаклено шише во корпа за рецикилрање. Неверојатно е тоа како Кешловски со мајсторски одбрани кадри кои вредат повеќе од милиони реплики праќа безвременска порака која ја трогнува публиката. Умерената доза на хумор овој режисер ни ја покажува преку една романтична ситуација во која Карол го прави невозможното за да ја врати љубовта на својата Доминик (Julie Delpy) преку постапки кои на моменти се граничат со комичност и иронија, но и суптилна доза на сензуалност и еротика и прават од овој филм едно безвременско парче уметност.

Three-Colors-RedЦрвено (Rouge) e круната на трилогијата Три бои, не само затоа што се вбројува помеѓу најдобрите 1000 филмови направени во историјата на филмската уметност, туку и од една проста причина што тој е последниот филм на незаменливиот Кешловски, кој само две години по неговото снимање во 1994 ненадејно умре. Овој филм во себе ја носи пораката за братство (fraternité), рефлектирана во постапките на двајцата протагонисти Валентин (Irène Jacob) и судијата (Jean-Louis Trintignant). Топлината која зрачи од овој филм, несебичноста и човечноста на Валентин која со своето ненадејно појавување внесува ведрина во и онака еднобојниот и самотнички живот на судијата, претставува животна лекција за чудесното испреплетување на патиштата на судбината. Но за да го достигне потребниот степен на емоционална кулминација, Кешловски визуелно го заробува вниманието на публиката преку црвените бои, толку впечатливи и привлечни, што заедно со фасцинантната изведба на главните ликови, создаваат совршен спој од бои, чувства и убавина на кои просто е невозможно да им се одолее. Црвено (Rouge) е добитник на бројни престижни филмски награди за најдобар режисер, за најдобра кинематографија, за најоригинално сценарио, на многу филмски фестивали кои се само доказ повеќе за големината и квалитетот на ова фасцинантно ремек дело.

Извори:

http://www.imdb.com/title/tt0108394/?ref_=sr_1

http://www.imdb.com/title/tt0111507/?ref_=tt_rec_tt

http://www.imdb.com/title/tt0111495/?ref_=tt_rec_tt

(Дарко Ѓорѓијовски)

 

Advertisements
This entry was posted in Забава, Култура and tagged , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s