На полноќ замираат желбите…

Image

Рим – полноќ. Стотици луѓе стојат до работ на фонтаната, замижуваат, си замислуваат желба и ја фрлаат паричката со левата рака преку десното рамо. Наеднаш од темнината се појавуваат неколкумина облечени во бели униформи со црни здолништа или панталони. Приоѓаат кон насобраната толпа луѓе околу фонтаната, која опива со својата убавина, а тиркизната вода блеска со сиот свој сјај. Униформираните луѓе најљубезно ги замолуваат присутните да се оддалечат од ова прекрасно место. Нема веќе фрлање парички… На полноќ желбите замираат кај „Фонтана ди Треви”.

Фонтана ди Треви ( италијански: Fontana di Trevi) е најголемата (26 метри висока и 20 метри широка) и најамбициозната барокна фонтана во Рим. Ја опишуваат како едно од капиталните уметнички дела „издлабени“ во бел мермер. Лежи врз темелите на некогашниот римски аквадукт изграден во 19-тата година пред нашата ера, преку кој Рим се снабдувал со свежа вода која се носела од далечина од дваесетина километри. Според прикажувањата, водата од фонтаната се нарекувала и „девствена вода“, наводно, во спомен на некоја девојка која пред повеќе од две илјади години им го покажала изворот на жедни римски војници. Тој се наоѓал во местото Требиум и, веројатно, оттаму потекнува називот „Ди Треви“.

 Image

Во 1732 година, папата Клемент XII му нарачал на скулпторот Николо Салви да изгради голема фонтана на денешниот плоштад врз нацртите и проектот што ги оставил уметникот и скулптор Џанлоренцо Бернини (1598-1680). Проектот за изградба бил стопиран еден век претходно, по смртта на папата Урбан VIII. Салви создал уметничко ремек-дело, монументална фонтана во барокен стил, која била завршена во 1762 година.

Централна фигура на фонтаната е Нептун, богот на морето. Тој јава запрега во облик на школка, која ја влечат два коња. Еден од коњите е прикажан како мирен и послушен, а другиот се пркоси … Тие го симболизираат променливото расположение на морето. На левата страна на Нептун има статуа која претставува изобилство, а на десната – статуата што го велича здравјето. Над скулптурите се издига огромен релјеф на кој, меѓу другите, е претставен и Агрипа, генералот што го изградил аквадуктот кој и денес ја снабдува фонтаната со вода. Водата во фонтаната го претставува морето.

Image

Според една традиционална легенда, личноста која ќе фрли паричка во фонтаната сигурно ќе се врати во Рим. Инаку, околу 3.000 евра се фрлаат во фонтаната секој ден. Парите се користат за финансирање на супермаркет за сиромашните во Рим. Сепак, постојано има обиди за крадење на пaри од фонтаната.

Извори:

http://rete.comuni-italiani.it/wiki/Roma/Fontana_di_Trevi

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=2857CD015279DE4E9E92D20BC27EDA10

(Марија Чукарска)

 

Advertisements
This entry was posted in Култура and tagged , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s