Поздрав од Митровица

За време на зимскиот распуст имав можност да бидам дел од интернационалната програма наречена Зимски Универзитет во Митровица 2013. Toa e програма која овозможува продлабочување на знаењата, подобрување на комуникациските вештини, дружење со стотина студенти кои доаѓаат од различни краеви на Европа (Франција, Русија, Велика Британија, Холандија, Италија, Турција, Грузија, Латвија, Естонија, Полска, Чешка, Романија, Молдавија, Белорусија итн) и секако многу, многу забава!

66447_545218955496278_1560190876_n

Зимскиот Универзитет траеше две недели. Беше организиран и во целост финансиран од холандската невладина организација „Спарк“ која се залага за развој на високото образование и претприемништвото во пост-конфликните европски држави. Зимскиот Универзитет понуди различни курсеви на актуелни теми како Проширување на Европската Унија и миграција, Е-маркетинг, Бизнис психологија и менаџмент, Современ европски филм и продукција, Еко-архитектура и урбан дизајн итн.

5jZAykc6D3yZMpv1fivUVP2xhTpRqDGbq0rdDrMGpxg,VIfGGQKwRSrwXmODdd-E-2G6jBGdpImq8C2NDRGa0SA - CopyНаставата ја водеа врвни професори од различни европски земји со докажано искуство, а потврда за тоа е легендарниот режисер Емир Кустурица кој беше визитинг професор на курсот за Современ европски филм и продукција во којшто јас учествував. Курсот се состоеше од теорија (изучување на техники за снимање, правила за сликање итн.) и примена на теоријата во пракса односно снимање на краткометражни филмови. Освен предавањата и вежбите се одржуваа и навистина интересни дебати каде можеше да се примени познавањето на странските јазици. Бев задоволна што две недели комуницирав на англиски, на француски, на грчки, на српски јазик и тоа со нативни говорители.

fTsLyI61ZoK14mCFjr7ixUiXxoRc47qPlSrL8KWg5IM,_TFP9mtdK779wiu_mupooBqRMKalG6HFlfXOhInvBjQ,MbE-Ia1EZD7QJA4LKTgVDVQHtcqv19iDi-1ZOYf

Финален производ од таа мешавина на различни народи ангажирани на заеднички проект беше реализирањето на три-минутното видео United Students to United Nations кое го испративме до Организацијата на Обединетите Нации како порака од секоја земја учесничка.

Што се однесува до состојбата во Митровица можам да кажам дека сè уште не е сè розево. Видливо беше присуството на KFOR и на силите на EULEX. Исто така, честите рестрикции на вода и електрична енергија знаат да им го отежнат животот на жителите на градот. Дури и за време на предавањето на Емир Кустурица снема електрична енергија, но тој реагираше како вистински професионалец и не придаде посебно внимание на тој проблем. На крајот на краиштата, сите тие недостатоци направија оваа зимска школа да биде вистинска авантура.

За крај, би сакала само да Ве информирам дека ако сте заинтересирани можете да се пријавите за Летниот Универзитет во Митровица 2013 (огласот за конкурирање треба наскоро да биде објавен на страната http://www.my-program.org/cms/) бидејќи Митровица е едно големо искуство и гаранција за многу незаборавни моменти.

(Ана Јанкуловска)

Advertisements
This entry was posted in Активности, Конкурси, Стипендии и семинари and tagged , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s