Macarons – неодоливи слатки задоволства!!!

Image

Macarons се мали кадифени колачиња со голема светска слава, доказ за француското слаткарско мајсторство, омилени колачиња на екстравагантната француска кралица Marie Antoinette и на секој што барем еднаш ги пробал! Macarons се повеќе од dessert, тие се кулинарска уметност!

Image

Според гастрономскиот речник Larousse Gastronomique  макарон за прв пат се создадени во 791 година во манастир во близината на градот Комри, но тогашните макарон во голема мера се разликувале од денешните. Францускиот пророк, фармацевт и лекар Мишел Нострадамус не ги спомнал во познатото дело за алхемијата Traité des confitures et fardements од 1552 година, но истата година ренесансниот писател Франсоа Рабле ги опишал како “мали тркалезни колачиња од бадеми” во делото Quart livre. Веќе во 1660 година макарон станале толку популарен десерт во аристократските кругови што се служеле и на свадбата на францускиот крал Луј XIV Кралот Сонце со шпанската принцеза Мариа Тереза. Но, заслугите за планетарната слава на овие тркалезни колачиња и припаѓаат на француската кралица Marie Antoinette која во XVIII век ги претвори макарон во кралски десерт à la mode !!!

Image

Современите макарон се креација на врвниот слаткар Ернест Дефонтен, сопственик на сега веќе легендарната француска слаткарница Ladurée која произведува макарон и други слатки искушенија повеќе од 150 години уште од далечната 1862 година. Всушност неговата сопруга имала брилијантна идеја во слаткарницата да отворат мала просторија во која ќе служат чај и колачиња за елегантните буржуаски дами кои пазарувале кај нив што било генијален деловен потег затоа што во тоа време на жените не им било дозволено да ги посетуваат кафетериите кои биле ексклузивно машки домен. Ваквите чајанки им дале на Парижанките апсолутна слобода за непречено дружење и станале сензација во Париз што индиректно придонело и за прославување на малите колачиња кои крцкале и се топеле во уста. Дефинитивниот концепт на макарон, двe ровки половинки наполнети со свиленкаст крем, настанал во 1930 година и е заслуга на Пјер Дефонтен. Оваа слаткарница и денес е прв избор за секој кој сака да купи оригинални макарон. Сите макарон кои се прикажани во филмот “Marie Antoinette” од американската режисерка и оскаровка  Софиа Копола се креација на слаткарницата Ladurée, а имајќи ја во предвид нераскинливата врска на Мариа Антоанета со овие вкусни колачиња не изненадува што најголем промет се остварува во продавницата која се наоѓа токму во Версај.

Image

Во Франција макарон произведуваат сите елитни слаткарници како Pierre Hermé, Fauchon и др. и се продаваат како уникатен, висококвалитетен слаткарски производ спакуван во модерно дизајнирана emballage. Толку се  омилени што може да се најдат и во помалите пекари, на пазарите па дури и во McDonald`s кој во Франција продава макарон во ланецот кафетерии McCafés. Обично едно колаче чини околу 1€, но ако сакате да купите ексклузивна, елегантна кутија со 18 macarons со различни вкусови произведени од елитниот слаткар Pierre Hermé тоа задоволство ќе ве чини околу 30€. Надвор од Франција овие софистицирани колачиња може да се најдат во САД, Канада, Австралија, Јапонија, Италија, Луксембург итн. Секоја година на 20 март во Париз, Њу Јорк, Торонто и други метрополи се празнува  Jour du macaron / Macaron Day!

ImageImage

Image

fd825b3e8f8984c34dcefc0cd10f71d6

11734

macarons_exception2

Постојат многу рецепти за подготовка на макарон, но заедничко на сите им се основните состојки: ситно мелени бадеми, белки од јајца (оладени во frigidaire 3-5 дена), шеќер во прав, кристален шеќер и ванила (макарон не смее да се подготвуваат во просторија со голема влажност на воздухот), а половинките се спојуваат со чоколаден крем ганаш (ganache), крем на база на путер или овошен џем. Макарон имаат широка палета на вкусови од традиционални (ванила, кафе, чоколадо, малина) до новосоздадени луди комбинации (јузу, зелен чај, личи, нане, зелено јаболко, ф`стак, карамела, truffle, смоква, костен, fois gras, роза, лаванда, хибискус итн.) со додаток на liqueurs (Cointreau, Grand Marnier, Pastis,…) или зачини за поинтензивен вкус. Во Париз најпродаван вид е macaron parisien кој е познат и под името Жербе (Gerbet). Воопшто не е лесно да се добијат совршени макарон: ровки колаченца со нераспукана, беспрекорно мазна површина со препознатлива подигната основа наречена pied, крцкави однадвор и кремасти одвнатре, колачиња кои се растопуваат во уста, вистинско  задоволство за сите сетила!

Ladurée

Image

Les Jardins de Pierre Hermé 

Image

Image

Image

(Наташа Алексоска)

Извори и дополнителни информации:

http://www.laduree.fr/

http://newyork.grubstreet.com/2012/03/macaron-day-2012.html

http://fr.wikipedia.org/wiki/Macaron

http://biscuiteriedevallis.centerblog.net/7-histoire-du-macaron

http://lesplaisirsdemarieantoinette.es/productos/macarons/

http://www.iwanttobeacoppola.com/journal/2012/6/15/marie-antoinette-let-them-eat-macarons.html

 

Advertisements
This entry was posted in Култура, Куриозитети and tagged , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s