Едно англиско искуство

DSCN5535a

The future belongs to those who believe in the beauty of their dreams – England 2013

Како професор по англиски јазик, мојата најголема желба беше посета на
Обединетото Кралство. Разговарајќи со мои пријатели, ми беше посочена
можноста за апликација за грант од Националната агенција за европски
образовни програми и мобилност, за Обука на работно место, подпрограма
Комениус од програмата Доживотно учење. Тоа е програма која им овозможува
на професорите посета на курс со времетраење од една недела со цел да се
овозможи мобилност преку која учесниците разменуваат искуства и знаења, се
стекнуваат со нови вештини, комуницираат и создаваат мрежи на европско ниво,
во насока на унапредување на општествата во кои работат и делуваат.

Курсот кој го посетував се одржуваше во градот Мејдстоун (Maidstone) во
областа Кент, кој е на еден час оддалеченост од Лондон. Темата на самиот
курс беше „Креативни активности и материјали за мотивирање на учениците“.
Наставата ја водеа врвни професори од Велика Британија кои имаа одличен
пристап и на најдобар можен начин не запознаа со безброј нови активности,
техники, стратегии и методи за подобрување на наставата. Воедно, имав можност
да се запознаам со колеги од цела Европа (Италија, Шпанија, Латвија, Литванија,
Хрватска, Бугарија, Романија, Словачка, Полска, Франција..) Со сите колеги
имавме одлична соработка, разменивме искуства, се запознавме со различниот
образовен систем и различниот пристап кон наставата во сите земји. Исто така,
веќе почнавме да работиме на нови идеи за понатамошни проекти и соработка со
колегите од цела Европа. DSCN5369

Курсот имаше беспрекорна организација во секој поглед. Секој професор, заедно
со уште еден колега од различна земја во Европа, беше сместен во британски
семејства, што можам да кажам дека беше едно од најдобрите искуства во
посетата на Англија. Семејството во кое бев сместена, заедно со колешка од
Словачка, беше многу фино и културно и таму ја имавме можноста да пробаме
разни традиционални англиски јадења. Исто така, во тек на курсот, ни беше
организирана посета на традиционален англиски паб, и неколку еднодневни
екскурзии во Canterbury, Tunbridge Wells, Rye, селата во областа Кент и секако,
Лондон! Секое од овие места е приказна за себе и вреди да се посети. Секако,
едно од најубавите искуства од посетата на Англија, беше посетата на Лондон.

DSCN5508a 577692_10151577136288530_46607759_n

Лондон – најубавиот град на светот, центарот на светската култура, висока мода
и најубавиот англиски акцент кој е рај за ушите.Организаторот на курсот, Рита
Далтон, беше нашиот водич при посетата на Лондон. Почнувајќи од Tower Bridge,
најдобриот начин да се разгледаат многу знаменитости, беше возење со брод по

реката Темза. Возејќи се со бродот, ги здогледавме London eye, парламентот и
Биг Бен. Понатака нашата прошетка низ Лондон, ја продолживме пеш. Во текот на
целодневната посета на Лондон, видовме многу знаменитости како Westminster
Abbey, Downing street, Whitehall, The Buckingham Palace, St. James park, Covent
garden, Piccadilly circus.. Секако, автобусите на два спрата, традиционалното
англиско такси, говорниците, подземната железница се само дел од вековната
зачувана англиска традиција која мора да се доживее.

За крај, би сакала да ви кажам дека ова е дефинитивно најдоброто искуство кое
многу придонесе за мојот личен и професионален развој. Голема благодарност до
Националната агенција која го овозможи ова патување и направи мојот најголем
сон да стане реалност. Доколку сте заинтересирена би можеле да ги пронајдете
програмите на следната веб страна: http://www.na.org.mk/index.php/mk/dozhivotno-
uchenje.htmlImage,Убедена сум дека вашето учество во проекти од програмите со
кои управува Националната агенција ќе допринесат да ги развиете основните
вештини и компетенции потребни за ваш личен и професионален развој.

(Агата Мандовска, студент на постдипломски студии по Применета лингвистика)

Advertisements
This entry was posted in Активности, Стипендии и семинари and tagged , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s