Експертско предавање на м-р Анета Смит Гулева, директор на ЦЕСОР

Image

На 25.04.2013 година на Факултетот за странски јазици гостин за клиничка настава по француски јазик беше м-р Анета Смит Гулева, директор на Центарот за економски и социјални истражувања (ЦЕСОР) кој работи на европски проекти за решавање на слабостите на пазарот на труд и подобрување на бизнис климата во РМ. Ова експертско предавање е продолжување на иницираната соработка со невладината институција ЦЕСОР во која шест студенти по француски јазик реализираа практика за време на зимскиот распуст по препорака на предметниот наставник, виш лектор м-р Наташа Алексоска, за што формално добија позитивна оценка за сработеното.

Image

Гостинката ги запозна студентите со своето навистина богато меѓународно образовно и професионално портфолио, ги стимулира студентите да бидат активни и секогаш љубопитни и да ги искористат максимално студентските години не само за усовршување на своите јазични вештини туку и за стекнување знаења од други релевантни области преку обуки, семинари и практики (како практиката што имаа можност да ја реализираат во ЦЕСОР) за да бидат сестрано и комплетно оформени кога ќе излезат на пазарот на труд.

Image

Директорката на ЦЕСОР, м-р Анета Смит Гулева, ги појасни животните фази на еден европски проект од идентификување на недостатоците во општеството, изнаоѓање на соодветна европска програма која ќе одговори на детектираните слабости, воспоставување на соработка со партнерски институции од други европски држави, подготвување на проектната документацијата, раководење со европскиот грант, реализирање на проектните активности и евалуација на резултатите.

Во своето излагање гостинката посебно се задржа на значењето на странските јазици во постапките за добивање европски грантови и реализирање проекти во невладиниот сектор и ја потенцира неопходноста од солидно познавање на англискиот и францускиот јазик во комуникацијата со европските институции, особено доброто владеење на францускиот јазик во европските институции во Стразбург и во Брисел. Таа истакна дека очекуваниот почеток на преговорите на РМ со ЕУ ќе доведе до силна потреба од франкофон кадар од различни профили што се очекува да ги исцрпи капацитетите со кои располага РМ и дека студентите треба да се свесни за таа ситуација и да го искористат своето знаење како конкуренциска предност.

Image

На крај, гостинката ги запозна студентите со веб страната која е во фаза на изготвување www.zanimanje.org, а која ЦЕСОР се надева дека ќе одговори посоодветно на барањата на младите во потрага по соодветна работа на пазарот на труд.

Студентите ги изнесоа своите видувања за лимитираноста на постојните веб страни за вработување кои се пред се од информативен карактер, дадоа предлог да се организира работилница за практично изготвување на проектна документација за европски грантови што беше начелно прифатен и проширен со тоа што гостинката изрази спремност студентите да присуствуваат на семинари кои ЦЕСОР планира да ги организира во иднина.

(Наташа Алексоска)

Advertisements
This entry was posted in Активности, Бизнис, Европска Унија, Клиничка настава, Практика and tagged , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s