15 дневен летен кампус по француски јазик и култура на INSА (Франција)

Image

Зошто Руан во Нормандија?

383px-RouenCathedral_Monet_1894Руан е прекрасен град на реката Сена во срцето на Нормандија, најзелениот регион во Франција на само еден час од престолнината Париз и од Атланскиот океан. Руан е познат како еден од најголемите и најпросперитетни градови на средновековна Европа, главен град на Англо-Норманското кралство од XI до XV век. Тоа е градот каде во 1431 година била запалена Јованка Орлеанка, 19 годишната девојка која застанала на чело на француската армија и била осудена од инквизицискиот суд како еретик. Руан е родното место на познатиот писател Гистав Флобер, авторот на “Madame Bovary” како и на познатиот драматург Пјер Корнеј.

Руан денес е модерен европски град кој импресионира со готската архитектура и модерните градби. Особено внимание привлекува Богородичната катедрала на Руан која датира од 4-от век и на која францускиот сликар и основач на импресионизмот Клод Моне и посветил 30 свои дела сликајќи ја во различни моменти од денот и ноќта.

Institut National des sciences appliquées (INSA)

image

Националниот институт за применети науки (INSA) е една од француските т.н. grande école односно елитни високообразовни институции која и оваа година како и минатите години организира 15 дневен летен кампус за меѓународни студенти кои започнуваат да го изучуваат францускиот јазик (ниво А1) или кои веќе имаат предзнаења од францускиот јазик (ниво Б1). Во периодот од 16 – 31 август 2013 година студентите (постари од 18 години) ќе можат да следат 50 часа настава односно 30 часа француски јазик и 20 часа француска култура и да учествуваат во бројни активности (посети на музеи, крстарење, екскурзија, работилници и сл.). Пријавувањето за летниот кампус треба да се изврши најкасно до 10 јули 2013 година со пополнување на формуларот INSA Campus été 2013 и праќање на наведените мејл адреси на INSA. За да се избегнат дополнителни трошоци за банкарски трансфер плаќањето за наставата и престојот овозможено е да се направи по пристигнувањето во Руан со VISA картичка или во готово. 

Програма за летниот кампус:

16 август:  Пристигнување на меѓународниот аеродром Charles de Gaulle во Париз, можност за пречек и трансфер до Руан или пристигнување директно во Руан и сместување во универзитетскиот технолошки кампус Madrillet.

17 август : организиран разглед на градот Руан.

19 – 23 август: настава по француски јазик (усна комуникација и пишување) и француска култура (посета на Музејот на индустријата, фестивалот “Нормандија на импресионизмот” и присуство на вечерниот светлосен и звучен спектакал Катедралата на светлината, посета на Музејот на современа уметност, вечер во кино, гастрономска посета, работилница за стрипови, блог итн.).

24 август:  екскурзија до Étretat и Honfleur на брегот на Нормандија.

16 – 30 август: настава по француски јазик и француска култура.

31 август: организирана екскурзија до Париз: разглед на градот со крстарење со брод по реката Сена и посета на уметничкиот кварт Montmartre (каде живееле и твореле Клод Моне, Пабло Пикасо, Салвадор Дали, Модиглиани, Винсент Ван Гог и други славни сликари) во придружба на уметник.

eiffel-paris-tumblr

sacre-coeur-morning

Неверојатна цена:

Вкупно 50 часа настава распределени во 10 работни дена од кои 30 часа француски јазик и 20 часа француска култура и бројни дополнителни активности = 250 евра

Вкупно 15 ноќевања во технолошкиот студентски кампус Madrillet на принцип на студио со две индивидуални соби со заеднички салон, кујна и тоалет = 150-188 евра

Сите заинтересирани студенти од Факултетот за странски јазици треба да се пријават во INSA Rouen до зададениот рок и да побрзаат да си резервираат повратни авиобилети бидејќи ќе нема многу слободни летови (се очекува да биде воспоставена нискобуџетна линија на Визер до Бове, но во моментов повратен авиобилет со вклучени аеродромски такси со квалитетен авиопревозник од Скопје до аеродромот Charles de Gaulle (Roissy) во Париз преку Цирих, Виена, Загреб или Белград за летниот период чини 16.900 – 23.300 денари) што е очекувано ако се знае дека Франција е најголема туристичка дестинација во светот со многу повеќе милиони туристи од милиони жители.

Сите прашања во врска со летниот кампус студентите може да ги упатат до предметниот наставник Виш лектор м-р Наташа Алексоска на natasha.aleksoska@fon.edu.mk или директно да го контактираат INSA Rouen.

Известување од 12.05.13 за студентите кои се пријавија за Летниот кампус 2013 и кои известија за обезбедени билети преку ЈАТ Airways: договорено е да ве пречека на меѓународниот аеродром Charles de Gaulle (Roissy) во Париз на излез од терминалот лично Г-ѓата Сандрин Бусар Нили од INSA Rouen, да ве одведе со автобусче до Руан, да ве смести во студентските резиденции Madrillet кои се на 200 метри од INSA и да имате гратис вечера за добредојде.  

(Наташа Алексоска)

Advertisements
This entry was posted in Конкурси, Култура, Стипендии и семинари and tagged , , , , , , , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s