Јазиците ни помагаат да ја сочуваме нашата меморија ?

Image
Способноста да зборувате неколку јазици не само што изгледа многу добро во резиме додека сте млади, туку може и да биде многу корисна за вашето здравје дури откако ќе бидете во Вашите пензионерски години.

Една нова студија открива дека постарите лица кои зборуваат три, четири или повеќе јазици можно е да имаат помал ризик од оштетување на нивната меморија од останатите нивни врсници кои зборуваат еден или два јазика.

Веќе ни е добро позната културната предност која ни ја нуди учењето на странски јазици, но всушност се пројавува и можноста за подобрување на здравјето која се поврзува со способноста на зборување на повеќе јазици, вели главниот истражувач Магали Перкин (Magali Perquin), од Center for Health Studies (Public Research Center for Health) во Луксембург.

,,Луѓето кои употребуваат различни јазици можно е да развијат посебни когнитивни процеси кои можат да им помогнат да бидат поотпорни на стареењето на мозокот и намалената перцепција која доаѓа со самото стареење,’’ додава Перкин. ,,Можно е дури и да се создаде мотивација за учење уште нови јазици, што е навистина интересно.’’

Перкин и неговите колеги испитале стотици мажи и жени кои по случаен избор биле поканети да учествуваат во MemoVie студијата, долгорочна студија за менталната функција кај постарите. На старите лица, кои во просек имале 73 години и имале завршено околу 12 години формално образование, им биле направени невролошки и психолошки испитувања и биле категоризирани како лица со нормални ментални функции, нарушени ментални функции и деменција. Откако ги исклучиле од истражувањето оние лица со деменција, истражувачите го провериле бројот на јазици кои лицата во моментот или во некој поранешен период ги зборувале за да одлучат дали постои некаква поврзаност помеѓу повеќејазичноста и когнитивните оштетувања.

Истражувачите откриле дека колку повеќе јазици старите лица зборувале во моментот или порано, толку подобро биле заштитени од можноста да искусат губење на меморијата.

Сите од возрасните моментално или порано зборувале помеѓу два и седум јазика, но 44 од 230 испитаници (19%) имале оштетена ментална функција. Старите лица кои течно зборувале три јазика биле речиси четири пати подобро заштитени од когнитивно оштетување од нивните билингвални современици, откриваат испитувачите. Оние кои зборувале четири или повеќе јазици биле повеќе од пет пати подобро заштитени од билингвалните стари лица кога станува збор за проблеми со меморијата, според авторите на студијата.

Поврзаноста останала вистинита и откако истражувачите ги земале во предвид возраста и годините на образование.

,,Покажавме дека повеќејазичноста заштитува од когнитивни оштетувања и бидејќи најраната фаза на Алцхајмерова болест е појавата на когнитивно нарушување, веројатно не е премногу смело да мислиме дека повеќејазичноста може да го одложи или намали ризикот од Алцхајмерова болест’’, вели Перкин.

Истражувачите не биле во можност да пронајдат разлика помеѓу старите лица кои течно зборувале повеќе јазици во моментот и оние во минатото и не биле способни да кажат точно зошто повеќејазичноста е толку важна за намалување на ризикот од когнитивно оштетување.

,,Сè уште има многу работи кои треба да ги научиме за способноста на нашиот мозок’’, вели Перкин.

Едно потенцијално објаснување, според Д-р. Ричард Липтон, невролог од Albert Einstein College of Medicine во Њујорк е ,,користи или изгуби’’ (use it or lose it) теоријата на мозочната функција’’, вели тој. ,,Мора да користите поголем дел од вашиот мозок за да можете да зборувате повеќе јазици. ,,Постои долгогодишното верување дека вклучувањето во когнитивно стимулирачки активности нè заштитува од Алцхајмерова болест,’’ додава Липтон. ,,Зборувањето повеќе јазици е една форма на когнитивна стимулација.’’

Липтон вели дека ги гледа резултатите од истражувањата на Перкин во ист контекст со неговата ,,crossword puzzle study’’. Студијата, формално позната како Einstein Aging Study, ни открива дека вклучувањето во ментално стимулирачки активности, како решавање крстозбори, може да нè заштити од намалување на менталните способности предизвикани од стареење.

Сепак, не е познато дали течното зборување на повеќе јазици може да нè заштити од намалување на менталните способности или е само симбол за потенцијално заштитна особина, како зголемена интелигенција или супериорна способност, вели Липтон, објаснувајќи го ова како прашање кое е тешко да се одговори.

(Ангела-Александра Ивановиќ)

Извор :
http://health.usnews.com/health-news/family-health/brain-and-behavior/articles/2011/02/22/speaking-several–languages-might-protect-memory

Advertisements
This entry was posted in Забава and tagged , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s