Универзалниот јазик на Исак Њутн

sir-isaac-newton-lived-from-1642-to-1727

Њутн ги постави темелите на модерната наука. Ја открил гравитацијата, законите на движењето, ја поставил основата на класичната механика. Ги измислил телескопот и математичката анализа.  Генерациите после него имаат придобивки од неговите иновации, но никој не го зборува неговиот универзален јазик.

Како студент, Њутн изготвил планови за јазик кој за основа ќе ја има природата на нештата. Неговата идеја била имињата на нешта од истиот вид да почнуваат со иста буква (пример инструменти со „с“, животни со „т“). Така со самото слушање на зборот би се знаело на која категорија истиот припаѓа. Дополнително, префиксите и суфиксите би укажувале дали зборот е материја или некое дејство, вршител на дејството итн.

Оваа идеја за универзален јазик постоела уште во 17от век. Њутн несомнено бил свесен за напорите што други ги направиле кон оваа цел. Биле објавени различни нацрт планови за јазици базирани на симболи, броеви или букви. Замислата на Њутн била тој јазик да биде базиран на букви. Со промена на буквите би можело да се промени и значењето на зборот на предвидлив начин.

Следниот пример на Њутн покажува како префиксите го менуваат значењето на tor (температура) за да се добијат и сите негови поврзани значења:

Utor –  топло

Ǝwtor – многу топло

Awtor – прилично топло

Ǝytor – многу ладно

Itor – ладно

Ator – ни многу топло ни многу ладно

Otor – многу топло или многу ладно

Њутн веројатно сфатил дека доколку го сака овој степен на прецизно значење за секој концепт, ќе мора да го посвети целиот свој живот на задачата. Наместо тоа, тој се насочил на други задачи. Друг научник, Џон Вилкинс, еден од основачите на Кралското друштво (на кое подоцна Њутн бил претседател) го посветил целиот свој живот на создавање универзален јазик. Вилкинс објавил верзија од 600 страници од  неговиот универзален јазик. Неговиот јазик брзо избледел во заборав. Њутн мудро избрал каде да ја фокусира својата енергија и талент.

(Стефани Табаковска)

Извор:

http://theweek.com/article/index/243963/the-language-isaac-newton-invented

Advertisements
This entry was posted in Куриозитети and tagged , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s