Формула на Мухамед Месиќ – Како да научите странски јазик за 3 недели

muhamed mesik

Три недели зборување со луѓето, желба да се дознае нешто за културата на земјата, слушање на говорот на другите, читање весници, гледање филмови, разни содржини на Јутјуб“…, се доволни да се научи по еден странски јазик. За 29-годишниот Мухамед Месиќ, кој е роден во босанскиот град Тузла, а сега живее во Виена, Австрија, тоа е тајна формула со која досега научил дури 72 јазика, од оние што се во најширока, па до оние што се во најретка употреба во светот и кои се речиси пред исчезнување.
– Тешко одговарам на прашањето колку странски јазици знам. Ако за ова критериум е тоа што вие и јас разговараме на македонски јазик, тогаш, по тој стандард, течно знам 72 странска јазика, односно зборувам, разбирам и пишувам на нивното писмо. Инаку, некоја полесна комуникација можам да водам на 100-120 јазика. Македонскиот јазик е специфичен и малку проблеми ми создава членувањето. Тоа е единствен од групата словенски јазици каде што има членување по основа на оддалеченоста од нешто. Јас престанав да ги бројам јазиците, точна евиденција водат мои пријатели – на солиден македонски јазик ни објасни Мухамед.

Вели дека македонскиот го научил кога по војната во БиХ престојувал во Битола. Слушал како зборуваат неговите пријатели, ги повторувал зборовите, читал… и оттогаш го зборува без проблем.

– Јазиците не ги заборавам. Иако, на пример, не доаѓам често во Македонија, не сум го заборавил македонскиот. Тоа е како кога ќе научите да возите велосипед, никогаш не се заборава – ни објаснува овој експерт за комерцијално право, што му е сегашна професија во Виена.

Листата на јазиците што ги зборува е импресивна. Вели дека првин го научил грчкиот уште на петгодишна возраст кога таму бил на летување така што само ги слушал луѓето што зборувале грчки. Потоа следувале англиски јазик и други – унгарски, германски, француски, италијански, шпански, баскиски, португалски, холандски, велшки, исландски, норвешки, шведски, фински, естонски, словачки, чешки, унгарски, бугарски, албански, хебрејски, јидиш, ирски, арапски, свахили, полски, турски, арамејски, хинду… Kога имал 22 години веќе зборувал 26 јазика.

– Најмногу се гордеам со тоа што го зборувам караинскиот јазик, кој е сличен на татарскиот и кој го зборуваат само уште шест луѓе во светот. Го научив и инуитскиот јазик, со кој се служат Ескимите, како и јазикот Xhosa, во кој има многу крици и кој го зборуваат малку луѓе, а е мајчин јазик на познатиот јужноафрикански лидер Нелсон Мандела. Жално е што јазиците исчезнуваат. Во Сибир, на пример, имате десетина јазици кои се пред исчезнување – објаснува Месиќ.

Тој открива дека досега за ниеден јазик не посетувал специјализирани курсеви како што тоа е вообичаен начин, туку сите ги учел самоиницијативно. На курсот единствено бил кога одел на курс за да го научи јазикот на знаците со кој комуницираат глувонемите лица.

– Инаку, најтешко ми е да го совладам кинескиот јазик. Тој е мошне тежок за учење бидејќи е фонетски, тонален јазик и еден ист збор, зависно од тоа како се изговара, има сосема спротивни значења и главен проблем е во тоа да го погодите начинот на кој правилно се изговара тој збор. Затоа можам да кажам дека кинески, јапонски и корејски само ги разбирам. Се разбира, должината на учењето на некој јазик е различна – за некои требаат две-три недели, за некои цела година и повеќе – наведува Мухамед.

Извор:

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E93ED03C42B8754AA2F75FD794A84062

Advertisements
This entry was posted in Забава, Куриозитети and tagged , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s