Промоција на македонската поезија и проза во Панчево

ImageВо триесет и шестото издание на зборникот на поезија и проза од млади автори, „Рукописи’“, чија промоција се одржа во Домот на младите во Панчево на 10 и 11 мај, застапени се 54 автори од просторите на поранешна Југославија од кои осумина се од Македонија. Image

Во зборникот е објавена моја песна, како и дела на: Иван Антоновски, Ненад Јолдески, Снежана Андоновска, Исток Улчар, Катерина Диманова, Мануела Златкова и Олгица Станковска, а на дводневната промоција на зборникот присуствував заедно со Катерина Диманова, Иван Антоновски и уредникот, доц.д-р Звонко Танески.

ImageПокрај самата промоција на зборникот, во програмата беа вклучени и прошетка за запознавање на Панчево, концерти и перформанси и работилница на која се поведе дискусија во врска со можностите за промоција на поезијата и прозата на младите автори во земјите од поранешна Југославија. Притоа се роди идеја за промоција на зборникот во Македонија, откако беше согледана потребата за повеќе фестивали од ваков ранг.

945163_329164393877224_12240067_n

Од 350 одговори на распишаниот конкурс, 50 се македонски автори. Овој податок укажува на значително зголемена заинтересираност во споредба со минатите години, што резултира со најбројна застапеност во зборникот, после српските автори.

Image

Бојана Петрова

Advertisements
This entry was posted in Литература, Пишување and tagged , , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s