Hapax legomenon ???

hapax_legomenon_tshirt

Hapax legomenon означува лексичка форма којa се појавува само еднаш во пишаните записи на еден јазик, којa еден автор ja употребил само еднаш во целиот свој пишан опус или се јавува еднаш во дадено литаратурно дело. Hapaxes има насекаде – особено во историските текстови – и иако значењето често им е очигледно понекогаш не може со сигурност да се интерпретира токму заради ретката употреба.

Во 1896 година П. Воркман ги преброил сите hapaxes кои се јавуваат во некои од најпознатите книжевни дела вклучувајќи ја и Библијата во која утврдил околу 2.000 hapaxes во фонд од 300.000 зборови.

Hapaxes постојат и во делото Илијада од Хомер. Во сцената во која Пријам во логорот го моли Ахил да му го врати мртвото тело на синот Хектор, Ахил за себе го употребил зборот panaorios со кој си наговестил ненавремена смрт.

Image

Во англискиот јазик посебно се интересни примерите за hapax legomenon во делото/делата на Шекспир, на пример, зборот honorificabilitudinitatibus кој се појавува само еднаш во целиот опус на Шекспир, поконкретно во комедијата Love’s Labour’s Lost, може да се рабере како the state of being able to achieve honors. Очигледно  побрзо и полесно му било на Шекспир да изговори honorificabilitudinitatibus 🙂 Овој збор е истовремено и најдолгиот збор во англискиот јазик кој се состои наизменично од вокали и консонанти.

Друг пример од англиската литература е зборот nortelrye со значење education  кој се појавува само еднаш во целокупниот опус на Чосер.

Староанглиската поема Beowulf исто така изобилува со hapaxes. Еден од нив е посебно интересен за љубителите на фантазиите – зборот orcneas – затоа што англискиот писател J.R.R. Tolkein, авторот на делото по кое е работена сега веќе култната филмска трилогија The Lord of the Ringsпроучувајќи ја токму Beowulf  го измислил зборот orc со кој ги означил тие зли сушптества кои им прават зло на луѓето.

Во американската литература интересен е примерот со романот Moby Dick од писателот Херман Мелвил во кој дури 44% од зборовите се јавуваат само еднаш односно се hapax legomenon, а 16% се јавуваат само два пати односно се dis legomenon. 

Во француската литература голем број hapaxes може да се најдат во делата на писателот Виктор Иго: дури 98 во романот Les Misérables и 82 во романот Notre-Dame de Paris. Hapaxes може да се најдат и во делата на Стефан Маларме, Франсоа Рабле итн. 

Изразот buona ramogna многумина го сметаат за најмистериозен израз во делото La Divina Commedia од италијанскиот автор Данте Алигери. Се смета дека означува добра жетва. Добиен е од именката ramo што значи гранка и суфиксот –gna кој внесува доза на иронија затоа што вообичаено има пејоративно значење.

Има многу примери за hapax legomenon во светската литература, но може ли да посочите пример од македонската литература? Збор кој се јавува само еднаш во едно литературно дело, еднаш во целиот опус на еден наш автор или еднаш во нашиот јазик? 🙂 

(Наташа Алексоска)

Извори и дополнителни информации:

http://mapyourinfo.com/wiki/en.wikipedia.org/hapax%20legomenon/

http://www.wired.com/wiredscience/2012/01/hapax-legomena-and-zipfs-law/

http://fr.wikipedia.org/wiki/Hapax

 Homer The Iliad – Michael Silk

Advertisements
This entry was posted in Книги, Лексикологија, Лингвистика, Литература and tagged , , , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s