Меѓународна конференција за применета лингвистика 2013!

Image

На 7 и 8 јуни 2013 година на Факултетот за странски јазици при ФОН Универзитетот се одржа Меѓународната конференција за применета лингвистика 2013 под наслов Јазикот во практиката, практиката во јазикот на теми од областа на јазикот и културата, наставните методи, јазикот во книжевноста, анализа на дискурс, јазикот во струката, преведување и толкување итн.

Иницијативата за конференцијата ја покрена Деканот на Факултетот за странски јазици, проф. д-р Лилјана Митковска, која заедно со останатите членови на Организацискиот одбор,  доц. д-р. Ана Лазарова-Никовска, доц. д-р Звонко Танески, доц. д-р Ана Кечан и виш лектор м-р Наташа Алексоска и во тесна соработка со д-р Кристина Крамер од Канада, д-р Грејс Филдер од САД и д-р Светлана Куртеш од В. Британија таа иницијатива успешно ја реализираа за што најголема потврда се близу 120 пријавени учесници и гости дојдени не само од нашата држава туку и од земји од Европа и светот како Холандија, Турција, САД, Канада, Тајван, Иран, В.Британија, Србија, Бугарија, Албанија итн.

Image

ImageImage

На конференцијата учество земаа и лингвисти од речиси сите универзитети во Р. Македонија (Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски” од Битола,, Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип, Универзитетот „Св. Апостол Павле” од Охрид, Државниот Универзитет од Тетово, МИТ Универзитетот, Балканскиот Универзитет итн), научни институти и други јазични и образовни центри, а Факултетот за применети странски јазици е посебно горд што меѓу учесниците со свои трудови се претстави и дел од наставниот кадар на ФСЈ од одделението во Скопје и Струга како и студенти од наставната и бизнис насоката од додипломски и постдипломски студии кои ги направија првите чекори во научната работа презентирајќи свои трудови кои беа позитивно прифатени.Конференцијата свечено ја отвори Деканката на ФСЈ, проф. д-р Лилјана Митковска, која како домаќин на конференцијата топло ги поздрави присутните и им се заблагодари за учеството на конференцијата, се заблагодари на пленарните презентери, д-р Кристина Крамер од Универзитетот од Торонто (Канада) и д-р Светлана Куртеш од Универзитетот Портсмут (В.Британија) на кои им подари книги од нашиот колега доц. д-р Звонко Танески меѓу кои и збирката закитена со Рациновата награда, се заблагодари на членовите на Организацискиот одбор за инвестираното време и евидентен труд, на модераторите на работните сесии, на излагачите кои со своето присуство ги збогатија содржините во текот на целата конференција (Американското катче, Англискиот Центар, Институтот за македонски јазик, Campus France мрежата за стипендии и студентска мобилност и AIESEC најголемата младинска организација во Р.Македонија), искажа голема благодарност до студентите волонтери од ФСЈ (Марина Пешевска, Марија Чукарска, Стефани Табаковска, Марица Јованова, Стефанија Темелковска, Воскре Шкуртеска, Ангела-Александра Ивановиќ и Елена Шпољариќ) за нивниот несебичен ангажман пред и во текот на конференцијата и го најави обраќањето на Ректорот на Универзитетот ФОН.

Image

Ректорот на Универзитетот ФОН, проф. д-р Александар Николовски, во своето обраќање изрази топло добредојде на презентерите и гостите, силна благодарност до Организацискиот одбор и сите вработени на Факултетот за странски јазици и на присутните им посака успешна конференција.

Image

Првиот конференциски ден пленарен презентер беше д-р Кристина Крамер од Универзитетот од Торонто (Канада) која говореше на темата Seeing Double: Latin and Cyrillic in linguistic landscape односно лингвистичкиот пејзаж и застапеноста на кирилицата и латиницата во јавно истакнатите знаци, реклами, известувања и сл. во Р. Македонија. Темата предизвика силен интерес кај присутните и по исцрпната дискусија конференцијата продолжи според распоредот на презентации паралелно во три работни простории тематски организирани се до доцните попладневни часови.

Image

Вториот конференциски ден, пленарен презентер беше д-р Светлана Куртеш од Универзитетот Портсмут (В.Британија) која имаше излагање на темата Developing key competences in linguistics and intercultural education по што презентацијата на трудовите продолжи според програмата.

Image

Image

Image

Image

ana

По два дена долга и плодна работа, по многу презентирани научни и истражувачи трудови, аргументирани и конструктивни дискусии, проф. д-р Лилјана Митковска искажа големо задоволство од текот на конференцијата, направи рекапитулација на двата работни дена и оценка на сработеното, им се заблагодари на присутните за учеството и свечено ја затвори конференцијата.  

Image

ImageImage

Image

Image

Image

Image

Image

Image

4759

Image

Image

Image

Image

ImageImageImage

Текст: Елена Шпољариќ и Наташа Алексоска

Фото: Ангела-Александра Ивановиќ

Advertisements
This entry was posted in Активности, Конференција and tagged , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s