MyScript софтвер за македонски јазик?!

Image

Француската компанија со светско реноме Vision Objects кои имаат седиште во градот Нант и ограноци во Версај, Окланд (САД), Хонг Конг (Кина), Токио (Јапонија) и Сувон (Кореја) претставуваат златен стандард помеѓу OCR (Optical Character Recognition) софтверитеПретставник на оваа компанија, инженерот Иван Коле, во соработка со неколку образовни институции во Р. Македонија во месец јуни 2013 година спроведе прибирање податоци за развој на македонска верзија на MyScript софтверот наменет за препознавање на ракописен текст и претворање во дигитален текст по примерот на веќе развиените верзии за близу 45 други светски јазици меѓу кои за кинески, јапонски, арапски, руски, бенгали, хинду, германски јазик итн. Во продолжение можете да го погледнете 2 минутното видео кое ги прикажува можностите на MyScript: 

MyScript посебно има широка примерна во образовниот процес каде студентите може да го користат за пишување на таблет компјутери или на интерактивни бели табли во едукативни цели со што сите примери, вежби, цртежи и сл. напишани на интерактивната табла се веднаш достапни до сите студенти во дигитална форма и не можe повеќе да се загубат.

Image

Со поддршка од Деканката на ФСЈ, проф. д-р Лилјана Митковска, со посредство и во организација на виш лектор м-р Наташа Алексоска и со голема колегијалност и ентузијазам на сите вработени на Факултетот за странски јазици, наши студенти како и колеги од другите факултети во рамките на ФОН Универзитетот на анонимна и доброволна основа на 11 јуни 2013 година се реализира прибирање на ракописно пишување на  големи и мали кирилични букви, цели реченици, интерпункциски знаци, симболи, бројки, формули, цртежи, мејл адреси, веб страни итн. на македонски јазик кои испитаниците ги препишуваа на подготвени формулари со помош на специјални дигитални пенкала со камера и на тој начин дадоа свој микро придонес кон технолошкиот развој во корист на македонскиот јазик 🙂 

ImageImage

DSC01633Image

Image

Image

DSC_1021

(Наташа Алексоска)

Advertisements
This entry was posted in Јазици и технологии, Активности, Истражување, Пишување and tagged , , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s