Семинар во Тирана (Албанија)

ImageНа почетокот на мај се одржа семинарот YCC – Youth, Culture, Conflict во главниот град на Албанија, Тирана како дел од програмата Млади во акција. Добивме можност да ја претставуваме Македонија благодарение на невладината организација PEL – Асоцијација за напредок, едукација и лобирање (НЕЛ).

ImageНа семинарот имаше  претставници од повеќе земји, па така преку споделување на искуства и идеи за младинска соработка успеавме да се запознаеме повеќе со културите на останатите 30 учесници од: Шпанија, Италија, Германија, Словачка, Турција, Чешка, Полска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија. Културните разлики и сличности допринесоа ова искуство да биде особено интересно и едукативно за сите нас.Image

За време на семинарот, научивме доста корисни работи, имавме слобода и можност за креативно изразување, како и повеќе тимски задачи со што се создаде пријатна и опуштена работна атмосфера. Акцент се стави на културното спознавање и трансформација и  надминување на потенцијални конфликти кои се неизбежен дел од животот.

Jазичните бариери не само што не нѐ спречија да оствариме комуникација, туку нѐ поттикнаа да го примениме нашето познавање на странските јазици во практика и да стекнеме нови пријатели и да оствариме можности за понатамошна соработка и дружење.Image

Од Албанија најголем впечаток ни оставија гостопримливоста на албанскиот народ, архитектурата и хаотичниот сообраќај.

(Бојана Петрова, Димитар Димитровски и Симона Соколовска)

Advertisements
This entry was posted in Активности, Конкурси, Култура and tagged , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s