Како влијае билингвалноста на мозокот?

 

thinking_1-e1275353044381 (1)Зборувањето повеќе јазици нуди многу предности. Според најновите истражувања, оние кои зборуваат повеќе јазици побрзо се префрлаат од една на друга задача за разлика од оние кои зборуваат само еден јазик.

Префрлањето од една на друга задача, односно „можноста за менување брзини на мозокот“ и фокусирање на нови цели е вештина која има повеќе практични употреби. Се користи за да се внимава истовремено на воланот и на патот при возење, или за менување брзини помеѓу одбрана и напад во тимските спортови. Билингвалноста е веќе поврзана со повеќе когнитивни способности, а сега и едно истражување од Language and Cognition истражува како билингвалноста може да ги зголемени вештините на префрлање од една на друга задача кај младите.

Универзитетот Карнеги Мелон регрутираше 88 студенти, половина од кои биле билингвални, а другата половина зборувале само еден јазик. Двете групи имале речиси идентични резултати на ЅАТ тестовите што укажува дека нема значајна во когнитивните способности помеѓу студентите.

imagesСекој учесник на екран гледал две различни видови задачи за секоја од двете раце. Со појавувањето на знаци на екранот, едната рака требало да ја идентификува бојата на знакот, а другата да ја препознае формата. Една група студенти требало да ја препознае или бојата или формата и во таа група немало префрлање од една на друга задача. Другата група учесници требало да се префрла помеѓу препознавање на формата и бојата.

Истражувачите го споредиле времето потребно за учесниците да ја препознаат формата/бојата и точноста со која учесниците ја препознавале истата за да одредат како се разликувале двете групи.

Билигвалните студенти биле побрзи од другите студенти кога требало да се префрлат помеѓу двете задачи – нивните реакции биле во просек за 6 милисекунди побрзи. Сепак, двете групи одговарале со иста брзина кога не требало да се префрлаат од една на друга задача.

Ова истражување е само едно од мноштвото истражувања кои тврдат дека оние кои зборуваат повеќе јазици имаат подобра извршна контрола во споредба со оние кои зборуваат еден јазик. Терминот извршна контрола се однесува на комбинација од когнитивни способности кои ни помагаат да донесуваме одлуки, да ги контролираме импулсите и внимателно да планираме.

Извор:

http://www.lumosity.com/blog/bilingualism/

(Стефани Табаковска)

Bilingual-Autism-300x199

 

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s