Интервју со Ангела Велкова

angela velkova

Зграпчете ги сите можности кои што ви ги нуди образованието и овразовната институција, во овој случај високото образование на ФОН Универзитет. Младоста е период кој не смее да се преспие во изгубени денови на безделничење додека можностите предизвикуваат насекаде околу вас” – се зборовите на девојката по име Ангела Велкова , поранешен студент на Факултетот за Применети Странски Јазици при ФОН Универзитет – Скопје, меѓу другото и голем активист и волонтер како во државата , така и надвор од границите на нашата земја. Таа е инспирација и пример во која насока би требало да се движи студентскиот капацитет на младите бруцоши.

Денес, Ангела  е на постдипломски студии на Универзитетот “ Болоња ”. Во продолжение дознајте повеќе за тоа како оваа девојка стигна толку далеку и што значеше за неа студирањето на еден од најпрестижните универзитети во Македонија, Универзитетот ФОН.

  1. Од кога стекнавте желба за изучување на странските јазици?

Уште од најрана возраст пројавував огромна желба за изучување на странските јазици. Со изучување на англискиот јазик започнав веднаш штом го научив латинското писмо, а со италијанскиот нешто подоцна кога бев во основно училиште. Германскиот јазик започнав да го изучувам како втор јазик за време на средношколското образование, а со негово усовршување продолжив и на факултет. Денес, како дел од моите магистерски студии го изучувам рускиот јазик кој на моја огромна радост, успешно го совладувам. Како и да е, најголемиот ризик за изучување на странски јазици беше мојата голема љубов кон патувањата и желбата за запознавање нови луѓе ширум светот , работа со меѓународни организации и посета на конференции од глобален карактер каде непреценета комуникација е суштествена за воспставување пријателства и понатамошна соработка. Токму овие бројни познанства и дружења со луѓе од различни земји имаа директно влијание на моето засилено ангажирање околу студиите и другите младински активности. На тој начин јазиците индиректно придонесуваат а формирање на мојата личност со отворени космополитски погледи кон светот каде нема место за предрасуди.

2. Што ве инспирираше да се запишете на Факултетот за применети странски јазици на ФОН Универзитет?

Големата желба и ентузијазам за изучување и усовршување на странски јазици беше главниот мотив да ги започнам моите студии на Факултетот за применети странски јазици во рамките на ФОН Универзитет. Своето акакдемско образование го започнав во студиската 2007/2008 година , насочувајки се кон изучување на англиски , италијански и германски јазик. Во 2007 година, ФСПЈ нудеше усовршување на странски јазици во бизнис и наставна насока. Согледувајќи ја можноста за паралелно студирање како и придобивките кои ги нудат и наставната и бизнис насоката, бев мотивирана да ги реализирам своите студии на две насоки истовремено. Студиите ги исполнија сите мои очекувања.

3. Какво беше вашето искуство како дел од фамилијата ФОН?

Токму така, на Универзитетот ФОН гледам како големо семејство каде со колегите и професорите од Факултетот за странски јазици негувам потесни, налик на фамилијарни односи. Сметам дека почнувајки од менаџментот на универзитетот, преку професорите и асистентите, па се до администрацијата и вработените во студентската кафетерија, креирана е култура на меѓусебна почит и гордост за припадност кон институција која вложува не само во академскиот, туку и во личниот развој на своите студенти. Првиот момент кога ги запознав моите до ден денес неразделни другари, кога вредната правничка од одделот на Студентски прашања два дена неуморно работеше на средување на документите за предвремено дипломирање со цел “фаќање ” рок за аплицирање во странство, личната препорака од мојата Деканка за првото вработување како и безброј селектронски препораки по што апликациите, во најголемиот дел, завршија со стипендии, неодамнешната родителска прегратка на ненадејна средба со две мои професорки кои се најзаслужни за мојот ран влез во странските високообразовни системи и кои најискрено се радуваат на секој мој успех како на свој личен , како и по не знам кој пат , укажаната безрезервна подршка на Директорот Цаноски за мој нов проект на средбата од пред само неколку дена …. се само мал дел од работите кои ме прават горд член на институција кон која чувствувам личен долг за моите достигнувања како кон сопствената фамилија.

4. Објаснете малку повеќе за вашето искуство поврзано со заминувањето на студии во Соединетите Американски Држави ? Од кој Универзитет бевте дел, мала компарација на образованието овде и таму и секако вашето искуство и соработка со професорите ?

Идејата да аплицирам за Undergraduate Exchange Program организирана од Open Societies Institutes ја добив од професорката Лилјана Митковска. Професорката Љиљана Калиниќ – Ордев ја искажа својата подршка со изготвување на препорака. Процесот на аплицирање, TOEFL тестирање и поединечно интервјуирање од страна на координаторите на UEP програмата траеше во периодот од октомври 2008 до март 2009. Кон крајот на април 2009, бев информирана дека сум добитник на целосна стипендија за студирање во САД за студиската 2009/2010 година. Така, студиите за трета година ги продолжив како студент на Slippery Rock University, Pennsylvania.

Open Societies и Slippery Rock University ми овозможија пријатен и доста продуктивен деветмесечен престој во САД. Комплетното финансирање од страна на OSI фондацијата овозможи моја целосна посветеност ва студирањето како и земање учество во многубројни волонтерски и добротворни акции. SRU Универзитетот од друга страна пак, придонесе кон мое здобивање со огромно знаење во областа на англискиот јазик, економијата и меѓународната политика. Финансиски подржана од SRU , ја имав честа да го претставувам мојот универзитет на Model UN, Philadelphia и Model NATO, Washington D.C. конференцијата, со што несомнено го збогатив моето искуство и знаење во областа на меѓународните односи. Одличните резултати кои ги покажав во бизнис насоката пак, придонесоа за мое вработување  како тутор по финансиски пресметувања. На овој начин го збогатив своето CV и ги отворив вратите за нови наставно – научни достигнувања.

По завршувањето на два семестри исполнети со успешна работа и богато искуство во САД, во мај 2010 се вратив во Р. Македонија. Својата последна година на студии ја завршив на Универзитетот ФОН, дипломирајки наредната 2011 та. Своето непречено студирање го должам на тогашниот Декан во пензионирање на ФПСЈ проф. Д-р Алекса Поповски и новата Деканка доц. Д-р Ана Лазарова – Никовска, кои сесрдно се ангажираа во признавањето на предметите положени во САД. Универзитетот ФОН е еден од ретките универзитети во Македонија кој нуди трансфер на кредити од странски универзитети со што ќе придонесе кон мое наремено завршување на четиригодишните студии.

5. Бевте дел од проектот “Фабрика на знаење”. Кои беа вашите придобивки од истиот?

“Фабрика на знаење” е револуционерен проект не само на Универзитетот ФОН и во Македонија, туку и многу пошироко. Имено, ниту во САД ниту во ЕУ за време на моите додипломски односно постдипломски студии денес, немам слушнато за проект од ваков тип, додека Универзитетот ФОн е на прагот да го реализира третото издание. Јас бев дел од првото, пионерско издание кои иако како пилот проект, на сеопшто изненадување, се реализираше до совршенство и извонредни резултати. Тимската работа и несекојдневниот спој на таленти и специјалност од различни области завршија со финални производи кои импресионираа со својата креативност и иновативност. Вештини од типот на креирање на реално- применлив маркетинг план, развивање на краткорочни и долгорочни стратегии и прогнози, организација на настани и логистика, искуство со работа во тим и работни состаноци каде се развиваа продуктивни дискусии и се завршуваше во консензус на задоволство на сите, беа одлична подготовка за натамошното вработување што кај мене следеше веднаш по завршувањето на проектот: најнапред задолжена за кампањата за упис на Универзитетот ФОН за академската 2011/ 2012, а од септември 2011 и како редовен наставник по предметите Англиски јазик и Бизнис и претприемништво во Петта Приватна Гимназија- Скопје.

6. Раскажете повеќе за вашето искуство како главен уредник на весникот ИНФОН.. Какви содржини промовираше?  Зошто не се префрли како проект и на следните генерации?

Во декември 2010, под слоганот Биди Ин, информирај се! , се роди ново студентско здание како производ на младешки ентузијазам и студентска активност на Универзитетот ФОН. Нашите очекувања беа Инфон да стане препонатливо име не само на списание кое известува за актуелности во рамките на Универзитетот ФОН, туку и симбол за единство меѓу студентите од различни етнички и национални групи. А да уникатноста на списанието биде уште поголема, Инфон исто така објавубаше содржини подготвени од дописниците The Rock Review, студентско списание на Slippery Rock University каде бев дел од уредничкиот тим и од каде и се роди целата идеја за студентско списание ФОН.

Мојот предлог а воведување на студентско списание кое ќе опфаќа содржини и прима дописи од странство беше топло прифатен и целосно подржан од менаџментот на Универзитетот ФОН. Над сите очекувања, ваквата идеја наиде на голема прифатеност и од страна на студентите кои активно се вклучија во изработката на списанието. Се формираа редакции од македонските и албанските паралелки кои заеднички работат во подготовка на двојазично издание на гласникот.

А студентската креативност и ангажман придонесоа за публикување на уникатно списание кое изобилува со најразновидни содржини за академскиот и општествениот живот на нашите студенти. Слободата на изразување и критичкиот пристап кон актуелните настани придонесува за изградување на профил на едуцирани и професионални кадри, идни носители  на општествениот прогрес. Така, студентите на економиските науки пишуваа за економската криза и начини за нејзино надминување. Идните политиколози се осврнаа на посетата на светски лидери во регионот. Правниците ја оценуваа транзицијата и како таа влијае врз правната култура во Македонија. Нашите идни модни критичари, пак,  информираа за современите модни трендови и актуелности од модниот свет и тн…Како и да е, студентите не учествуваа само во збогатувањето на содржините туку и во техничката подготовка на списанието. Нашите млади лингвисти практички ги имплементираа теоретските познавања во сферата на странските јазици. Тие преведуваа, уредуваа и овозможија содржините испратени од нашите американски колеги да бидат достапни за секој кој сака да се запознае со аспекти на еден далечен академски и културен живот. Техничкиот уредник, наш студент од факултетот за графички дизајн, вложи максимални напори списанието да го добие конечниот изглед и препознатлив дизајн. Информатичарите, пак, ќе се ангажираат во изработката и електронското издавање на он-лајн верзијата на Инфон.

Зошто престана да постои ? Не сметам дека моето дипломирање и заминување од ФОН беше причината за престанокот на издавањето на списанието. Најголемиот дел од уредничката структура на Инфон сеуште беа студенти на ФОН и во наредната академска година. Основата беше цврсто поставена, меѓутоа тоа што надвладеа сметам дека беше поволноста при печатење која ја изгубивме од печатницата поддржувач на проектот веднаш по нејзиното затворање. Искрено се надевам дека Инфон повторно ќе оживее, а генерациите што следат ќе ни подарат уште поубави и побројни изданија.

7. Како студент имате доста богато CV , многу учества во различни проекти – доста активен волонтер…Раскажете за дел од најважните и најголемите проекти на кои сте работеле и вашата улога во истите?

Моите први проекти започнаа уште додека бев во средно училиште. На мое огромно задоволство, гостинските предавачи на проекти на кои работев уште во средношколските денови и кои вклучуваа звучни имиња од општествено- политичката сфера денес ги срекавам на свечени приеми во сосема нова улога. Прво активно волонтерско искуство пак, имав за време на студирањето во САД каде што волонтирањето беше неопходен дел од академската програма. Од тутор во I Care House – сентар за деца од дисфункционални семејства, аниматор во старечки дом во Grove City, па се до придружник на хендикепирани деца при терапевтско јавање на коњ на хиподромот Storm Harbor , волонтерството престана да се сведува на броење часови туку во чувство на исполнетост и лична сатисфакција.

Иако земав учество во бројни проекти на различни невладини организации и фондации, за први посериозни проекти ги сметам оние кои лично ги иницирав и во кои лично се вложив од нивното креирање, собирање подршка, дормирање тим и организација, па се до ницното реализирање. Прв таков проект беше првото двојазично студентско списание Инфон , кое иако на кратко, илезе во три различни изданија, активира 30 студенти, објави    70- 80 содржини од кои 5 доставени од странски студенти и се испечати во тираж од 18 000 броја. Во улога на уредник работев и за младинскиот портал Младиинфо како и уредник а Македоија на меѓународното списание IUVENTA. Во јануари 2012, на иницијатива на професорот Sam Potolicchio, кој предава на  Универзитетот “Georgwtown”  и во Американскиот Конгрес, заедно со уште двајца негови студенти, ја формиравме лидерската школа Preparing Global Leaders Institute како втор дел од глобалната  PGL мрежа со школи во Вашингтон- САД, Москва – Русија и  Аман – Јордан. Во PGLI дејствува како извршен директор, а денес сум на истата позиција и во невладината организација “Асоцијација за глобални равојни иницијативи – Трет Милениум”. Иако за прв пат, PGLI успеа да спи на едно место млади лидери од 20 ралични земји и од пет различни континенти, меѓу кои учесници беа и двајца студенти од ФОН како и колешката од ФСЈ Емилија Георгиевска како волонтер. Оваа година PGLI ќе настапи во партнерство со ФОН Универзитет со што очекуваме успех и на втората школа на PGL. Активна сум и како член на Младинскиот Совет на Американската Амбасада – Скопје.

8. Како дипломиран студент при ФОН Универзитетот бевте еден од студентите кои своето усовршување го продолжи надвор од Р.Македонија , конкретно вие се решивте за Болоњскиот Универзитет ? Зошто токму таму? Колку сте задоволни од она што ви беше понудено во ЕРАЗМУС програмата? Раскажете повеќе за ова искуство? Опишете ја поврзаноста на ФОН Универзитетот и Универзитетот Болоња?

Иако работев, 2012 година за мене беше и година на аплицирања за магистерски студии по што на мое изненадување, со плод вродиија сите апликации. Имено, добив целосна стипендија за магистерски студии на виско рангираниот University College of London, на Универзитетот  “Kassel “преку DAAD/ OSF програмата, како и на Универитетот на Болоња преку Erasmus Mundus пограмата. Иако дилемата беше огромна, особено меѓу Лондон и Болоња, на крај победи желбата да студирам во земја каде јазикот на зборување е различен од англискиот бидејки веќе престојував и го усовршив англискиот јазик во САД. По еден месец, добив позитивен одговор и на апликацијата на школата на екселенција на Болоња, Collegio Superiore, каде сум еден од двајцата стипендисти на нивниот меѓународен повик. На мое огромно задоволство, на изборите за претставници на студентското тело на школата, бев избрана и во Управниот Одбор на телото. Како корисник на две стиендии и студент на реномираната меѓународна програма за интердисциплинарно истражување и источноевропски студии (MIREES) на Факултетот за Политички Науки “ Roberto Ruffilli” можам да кажам дека го направив вистинскиот избор. Erasmus Mundus (Action 2) програмата, претставува една од највисоко платените стипендии и со најмногу бенефиции, доста поповолна од основната Erasmus LLP програма што ја имаат во ЕУ.

Малку е тешко да се споредат Универитетите на Болоња и ФОН со оглед на тоа што првиот е државен универзитет и , меѓу другото , најстар универзитет во светот со повеќе од 85 000 студенти, додка вториот е приватен и за близу еден милениум помлад. Предавањата во Болоња се одвиваат во со векови стари аули со уметнички слики од познати италијански сликари по излуштени ѕидови и извајани статуи во дворовите, зданија налик музеи од кои застанува здивот. Како и да е, додека болоњските студенти газат по крцкави подови и се тетерават да ги отворат огромните порти на убаво резервираните згради, студентите на ФОН газат по мермер, а вратите се отвараат на сензор. Сметам дека и двата универзитети си имаат свој шарм и убавина, и покрај тоа што блискиот однос меѓу студентите, професорите, и администрацијата секако дека недостасува во Универзитетот на Болоња.

Сличност? Универитетот на Болоња има одделенија во шест града што доста ме потсетува на структурата на Универзитетот ФОН со своите одделенија во Струмица, Струга и Гостивар.

9. За крај една ваша порака до сите оние кои се заинтересирани да чекорат по слични стапки како вашите и секако една порака до идните бруцоши на ФОН ?

Мојата порака е истата која ја кажував и на моите ученици во Петта Приватна Гимназија – Скопје . Зграпчете ги сите можности кои што ви ги нуди образованието и образовната институција, во овој случај високото образование на ФОН Универзитет. Младоста е период кој не смее да се преспие во изгубени денови на безделничење додека можностите предизвикуваат насекаде околу вас. Денес не е тешко тие да се согледаат како што тоа било порано. Составувањето на вашето CV започнува многу порано од денот на дипломирање кога ќе треба да се мисли а вработување и заработувачка. На ваше располагање се посветен кадар како и менаџмент кој неуморно се вложува првенствено за вашиот успех, атоа што вашиот успех е и нивен е и НАШ заеднички.

( Марија Петрова )

 

Advertisements
This entry was posted in Интервју. Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s