Конкурс за најдобар млад преведувач ВАВИЛОН!

Image

Делегацијата на Европска Унија во РМ во соработка со Министерството за Култура на РМ организира серија настани во рамките на програмата “Култура на ЕУ: Саем на книгата и Европски ден на јазиците” во ЕУ Инфо центарот во Скопје.

Како дел од активностите на 26 септември 2013 година во партнерство со Здружението на преведувачи на РМ беше организирана интересна панел дискусија насловена „Мостови меѓу културите: преводот низ јазиците и жанровите” на која беа поканети и во голем број присуствуваа и студенти од нашиот Факултет за странски јазици при Универзитетот ФОН.

Image

Панел дискусијата ја отворија Н.Е. Аиво Орав, Шеф на Делегацијата на ЕУ во РМ, кој зборуваше за мултијазичниот и мултикултурниот аспект на Европската Унија и Н.Е. Лоренс Оер, Амбасадор на Република Франција во РМ, која ги истакна можностите за повеќемесечни културни престои на преведувачи во Франција, стипендии за млади преведувачи и млади писатели во Париз и помош за издавачи за откуп на авторски права на книжевни дела, стрипови итн. (http://ccfskopje.edu.mk/mk/Home/Culture).

Пред присутните свое излагање имаа проф. д-р Маргарет Рид која се задржа на деликатниот однос помеѓу авторот и преведувачот и разликите меѓу издавачката дејност во Македонија и во Британија, лектор Калиопа Петрушевска која ја нагласи важноста на изборот на јазичниот регистар во процесот на превод користејќи примери од преводот на “Одисеја” од Хомер направен од академик проф. д-р Михаил Петрушевски и од преводот на делата на Ежен Јонеско и академик проф. д-р Влада Урошевиќ кој се наврати на почетоците на својата богата преведувачка дејност и со многу практични примери ги илустрира стапиците во кои може да западне еден млад преведувач ако го преведува поетскиот маг Артур Рембо или Шарл Бодлер без да го познава доволно добро контекстот во кој настанале делата или животната филозофија на авторот. Проф. д-р Огнена Никуљски беше модератор на настанот и во завршното обраќање ги охрабри студентите да ги направат првите чекори во преведувачките води.

Image

Во рамките на панел дискусијата беше најавен и конкурсот за најдобар млад преведувач “ВАВИЛОН”, награда која е во план да се додели за прв пат во 2014 година.

Патем, симултаниот превод во една од кабините на ЕУ Инфо центарот го вршеше и нашата стипендистка Едона Винца, честитки Едона!

(Наташа Алексоска)

 

Advertisements
This entry was posted in Активности, Европска Унија, Конкурси, Литература, Превод and tagged , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s