Бела ноќ 2013 – сплет на поезија, музика и пиротехника

Бела ноќ (Бе́лые но́чи) е фестивал на уметноста и културата кој првобитно се одржувал во текот на целото лето во Санкт Петербург (Русија) и му бил инспирација на градоначалникот на Париз на 5 октомври 2001 година да организира целовечерна ноќна прошетка низ улиците на Париз и посета на неговата богата културна сцена (La Nuit Blanche), по што идејата за ноќен фестивал на уметноста и културата брзо се проширила и во Хелсинки, Тел Авив, Мелбурн, Брисел, Рим, Монтреал, Торонто, Мадрид, Рига односно во 120 светски метрополи. Европските градови се вмрежени и секоја година на 5 октомври организираат Nuits Blanches Europe.

Од 2004 година Бела ноќ се претвори во урбана традиција и на градот Скопје и секоја година се одбележува со серија бесплатни културни настани.

Image

На 5 октомври оваа година во рамките на “Бела ноќ 2013” меѓу другите активности се одржа и промоција на Зборникот на поезија и кратка проза од млади автори “Рукописи” во кои е вклучено и остварување на нашата студентка Бојана Петрова, а во уредништво на доц. д-р Звонко Таневски. Промоцијата се одржа во спомен куќата на Мајка Тереза и на неа присуствуваа наши студенти и колеги како поддршка на настанот.

По вечерните часови исполнети со поезија студентите се упатија на централниот настан, спектакуларното музичко пиротехничко шоу на француската група “Les Commandos percu” на плоштадот “Македонија” каде сите не воодушеви необичната фузија на музика, огномет и сценско движење.

Image

ImageImage

Image

DSC_1936

DSC_1935Image

(Наташа Алексоска)

Advertisements
This entry was posted in Активности, Забава, Култура, Литература and tagged , , , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s