Предавање на Г-дин Шарл-Гијом Демаре на тема “Преведувањето во Европските институции”

ImageImage

На 22.10.2013 година гостин на часовите по француски јазик беше Г-дин Шарл-Гијом Демаре, магистер по превод од Националниот Институт за источни јазици и цивилизации при Универзитетот Сорбона IV од Париз (Франција) со преведувачко искуство во Европските институции и приватниот сектор.

Гостинот пред студентите по француски јазик одржа кратко предавање за неговото лично искуство како европски преведувач од релативно ретки јазици како што се македонскиот, бугарскиот и финскиот јазик покрај се разбира англискиот и мајчиниот француски јазик, ја нагласи потребата од зборување на повеќе европски јазици особено познавање на пивот јазиците и го појасни принципот на пивот јазици кои Генералниот Директорат за превод на Европската Комисија ги користи за ефикасно реализирање на секоја јазична комбинација од 24 официјални јазици кои се зборуваат во 28 земји членки на ЕУ со што се избегнува неефикасната потреба од 668 различни преведувачки тимови за, како што ја нарече, најголемата преведувачка фирма во светот – Европската Унија.

Гостинот исто така ја констатира објективната неопходност правниците и политиколозите солидно да го владеат францускиот јазик ако тежнеат кон успешна европска кариера затоа што шест од вкупно седум Европски институции се наоѓаат на франкофонско тло во Франција, Белгија и Луксембург и ги упати да ја консултираат веб страната за регрутација на кадар за потребите на Европските институции. Тој зборуваше за корисни софтверски алатки, како омилениот Trados, кои значително ја олеснуваат работата на преведувачите и наведе веб страни, на пример EUR-Lex, кои студентите може да ги користат во едукативни цели или во нивната понатамошна професионална работа ако претендираат да работат за Европските институции.

Image

Студентите демонстрираа голем интерес за темата и активно се вклучија во дискусијата поставувајќи прашања за максималната дневна оптеретеност на преведувачите кои работат за ЕУ институциите, начинот на евалуација на квалитетот на толкувачите, роковите со кои се соочуваат преведувачите и толкувачите, висината на месечните примања и бенефиции на европските преведувачи и толкувачи, распонот на цените за превод од доминантните кон ретките европски јазици во ЕУ и споредбено во приватниот сектор итн.

Предавањето помина во пријатна и неформална атмосфера со заедничка констатација дека беа изнесени многу нови корисни информации кои треба да се дополнителна мотивација студентите подобро да го совладаат францускиот и другите јазици кои ги изучуваат во рамките на своите студии за да можат максимално да ги искористат бројните европски перспективи.

(Наташа Алексоска)

Advertisements
This entry was posted in Активности, Бизнис, Европска Унија, Клиничка настава, Превод and tagged , , , , , . Bookmark the permalink.

One Response to Предавање на Г-дин Шарл-Гијом Демаре на тема “Преведувањето во Европските институции”

  1. Monika Zajkova says:

    Super bese predavanjeto!!! Date: Tue, 22 Oct 2013 16:48:44 +0000 To: monika_zajkova@hotmail.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s