Гостување на предавањето на Г-ѓа Гаел Перјо Валеро

Image

Студентите по француски јазик на бизнис насоката на ФСЈ и на Факултетот за правни и Факултетот за политички науки при ФОН на 14.11.2013 година гостуваа на предавањето на Г-ѓа Гаел Перјо Валеро, истражувач во Институтот за меѓународни и стратегиски односи од Париз, кое се одржа на Правниот факултет при УКИМ во рамките на Фондот Д`Аламбер, а со поддршка на фондацијата “Робер Шуман”.

Тема на предавањето беше „Должничката криза: опасност или поволна прилика за европската интеграција на земјите од Западен Балкан“, а го отвори Н.Е. Г-ѓа Лоренс Оер, Амбасадор на Франција во РМ во присуство на Гувернерот на НБРМ, Г-дин Димитар Богов, директорот на Францускиот Институт од Скопје, д-р Жан-Ив Лавоар и др.

Image

Студентите имаа можност непосредно да ги слушнат размислувањата на Г-ѓа Гаел Перјо Валеро која е предавач на Факултетот за политички науки во Париз и во кампусот во Дижон и која како новинарка била дописник за европски прашања од Брисел за Radio France, седум години престојувала на Балканот и работела за различни медиуми (Express, La Croix, Tribune de Genève и за францускиот сервис на Би-Би-Си).

Image

Image

Благодарност до Францускиот Институт од Скопје за поканата и честитки до нашата постдипломка Сања Каракушева која одлично го вршеше симултаниот превод од француски на македонски јазик.

(Наташа Алексоска)

Advertisements
This entry was posted in Активности, Бизнис, Деловен јазик, Европска Унија and tagged , , , , , , , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s