Гостување на АИЕСЕК Македонија!

Image

Во духот на добрата соработка воспоставена оваа година со студентската организација АИЕСЕК Македонија ги информираме студентите од Факултетот за странски јазици, а особено студентите од трета и четврта година,  како и сите други заинтересирани дека во вторник на 3 декември 2013 година со почеток во 10.30 часот во просторија 310 ќе се одржи кратка презентација на програмите за професионална и волонтерска практика во странство со фокус на образовните практики во странство (лингвистика, билингвална и интеркултурна едукација, итн.) и деловните практики во странство (менаџмент, меѓународен маркетинг, бизнис администрација, рекламирање и односи со јавност итн.).

Гостувањето ќе биде одлична можност студентите да се запознаат со практичните аспекти на реализирањето практика во странство преку АИЕСЕК Македонија и да добијат поконкретни информации за странските образовни институции и деловни компании, времетраењето на практиките, паричниот надоместок итн.

АИЕСЕК е глобална организација со повеќе од 60.000 членови и реализирани 12.000 професионални и волонтерски практики во 110 земји во светот во кои организацијата е присутна повеќе од 60 години.

Повеќе информации може да најдете на веб странаta:  http://www.aiesec.org.mk/

(Наташа Алексоска)

Advertisements
This entry was posted in Активности, Бизнис, Европска Унија, Практика and tagged , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s