Стипендии за меѓународниот универзитет SciencesPo.

ImageSciencesPo. е врвен универзитет со фокус на меѓународни студенти кои доаѓаат од 150 земји во светот и сочинуваат 42% од студентското тело. 21% од студентите се стипендисти! Некои студиски програми се следат во целост на англиски јазик, а во програмите постои избор од 25 странски јазици. SciencesPo. има потпишано договори за студентска размена со 400 водечки светски универзитети и издава 35 двојни дипломи со London School of Economics, Columbia University, итн.

Image

Се работи за исклучителна институција која ја поседува и најголемата библиотека за хуманистички науки во Европа со повеќе од еден милион книги, а 42% од буџетот на универзитетот кој изнесува 145 милиони евра годишно е наменет за истражувања. SciencesPo. е домаќин на 365 настани (научни конференции, дебати, гостински предавање итн.) годишно!

Image

Се известуваат студентите од насоката Странски јазици и бизнис и сите останати заинтересирани студенти дека SciencesPo. доделува стипендии “Emile Boutmy” за додипломски и магистерски студии за меѓународни студенти, a деталите може да се најдат на http://formation.sciences-po.fr/en/contenu/the-emile-boutmy-scholarship

Повеќе информации за меѓународниот универзитет SciencesPo. на  http://www.sciencespo.fr/en/content/11/facts-figures

(Наташа Алексоска)

Advertisements
This entry was posted in Бизнис, Деловен јазик, Европска Унија, Истражување, Конкурси, Образование, Стипендии и семинари and tagged , , , , , , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s