Tолкување – начин на премостување на јазични бариери

Без нив Европската Унија, Обединетите Нации, УНЕСКО како и многу други светски организации не би можеле да го замислат своето функционирање. Нивната улога е од есенцијална важност бидејќи го овозможуваат дијалогот помеѓу државите на глобално ниво. Со еден збор тие имаат огромен удел во создавањето на светската историја. Запознајте се со неговото височество – толкувачот!

download

  • Што претставува толкувањето како процес?

Толкувањето се занимава исклучително само со усна комуникација, што подразбира природно и течно пренесување на некаква порака или говор од еден на друг целен јазик, притоа употребувајќи го тонот и моќта на убедување на говорителот кој што зборува во прво лице. Толкувањето како процес влкучува и високи интеркултуролошки познавања бидејќи толкувачот мора да биде свесен за начинот на размислување на луѓето кои го зборуваат јазикот на којшто толкува, нивната смисла за хумор како и нивниот став кон одредени прашања.

  • Толкување VS преведување

Иако постојат многумина кои ги мешаат поимите толкување и преведување, важно е да се каже дека двата процеси и покрај тоа што навидум делуваат слично, во суштина се крајно различни, бидејќи за разлика од толкувањето кое акцентот на својата работа го става исклучително на усната комуникација, преводот пак од друга страна претставува пишано пренесување на документ (текст) од еден на друг јазик.

Во прилог следува видео кое ја објаснува разликата помеѓу преводот и толкувањето.

  • Јазичен режим при толкување

Кога станува збор за толкувањето, неопходно е да се објаснат неколку поими како на пример: јазик-извор, јазик-цел (целен јазик), пасивен и активен јазик и јазичен режим.

  1. Јазик-извор претставува јазикот на којшто се изнесува говорот во негова оригинална верзија и од којшто треба да се толкува на некој друг јазик.
  2. Јазик-цел (целен јазик) е јазикот на којшто текстот се толкува и на којшто токувачот зборува.
  3. Пасивен јазик е јазикот од којшто толкувачот е способен да толкува, но не обратно.
  4. Активен јазик претставува јазикот на којшто толкувачот може да толкува.
  5. Јазичен режим:

Конференција со 24-24 јазичен режим значи дека има 24 активни јазици и 24 пасивни јазици, што во институциите на Европската Унија би значело дека сите 24 официјални јазици се толкуваат на соодветен јазик. Јазичниот режим од ваков вид е наречен комплетен и симетричен.

Асиметричниот режим, од друга страна пак подразбира дека доколку конференцијата се одвива на 15 официјални јазици, толкувањето се обезбедува единствено на три јазици, како на пример англиски, француски и германски. Исто така постои и редуциран асиметричен режим при којшто доколку конференцијата се одвива на 5 официјални јазици (англиски, француски, германски, шпански и италијански), толкувањето се врши само на два јазици (англиски и француски).

  • Видови толкување 

Според техниката која се користи при толкувањето:

 1.   Консекутивно толкување

Консекутивното толкување вклучува слушање на говор, при што додека говорителот го врши своето излагање, толкувачот преку специјална техника за фаќање белешки, истите ги запишува со кратенки и симболи и откако говорителот ќе го заврши своето излагање, толкувачот го презентира говорот на друг јазик.

Искусните консекутивни толкувачи можат да презентираат говори од 10 минути со совршена прецизност. Во најголем број случаи консекутивното толкување се заменува со симултано, но сепак за одреден вид на средби, како на пример технички состаноци, бизнис ручеци, теренски состаноци и сл. консекутивното толкување наоѓа широка примена.

Во прилог следува видео на кое може да се види техника за фаќање белешки при консекутивно толкување.

http://www.youtube.com/watch?v=Cz3fjAX5Meg

2.   Симултано толкување

За време на симултаното толкување толкувачот се наоѓа во звучно изолирана кабина Portugal-Photos-2011-209заедно со уште еден колега. Спикерот на состанокот зборува на микрофон, а толкувачот преку слушалки го слуша говорот и истовремено го претвора говорот од јазикот на којшто го слуша на некој друг целен јазик, со цел другите делегати на конференцијата да го разберат говорот на спикерот.

Постојат неколку видови на симултано толкување, кои повторно се поделени според техниката на толкување:

а) Релеј (Relay) – толкување помеѓу два јазици преку трет јазик

Ако некој делегат зборува на јазик кој не е ниту активен ниту пасивен јазик на толкувачот, односно јазик кој толкувачот воопшто не го разбира, тогаш кабината може да се поврзе со друга кабина со цел толкувачот да добие пренос (relay)  од говорот на јазик кој овојпат ќе биде еден од неговите активни јазици за да може да го изврши соодветното симултано толкување.

б) Пивот (Pivot)

Кога еден или двајца толкувачи во својата комбинација на пасивен јазик имаат некој јазик кој е многу малку застапен тогаш тие служат како “пивот”(основа) за останатите кабини кои нив ги земаат како преносни односно релеј (relay) толкувачи.

в) Шевал (Cheval)

Ваквиот толкувач работи во две кабини, на два различни јазици истовремено за време на една конференција, зависно од потребите.

3.  Шушотаж (Chuchotage) – толкување со шепотење

image_largeПри ваквиот вид на толкување, толкувачот седи или стои помеѓу делегатите и симултано толкува директно на увото на делегатот, поради што е наречено шепотење (chuchotage). Толкувањето со шепотење (chuchotage) се користи при билатералните состаноци кога два или повеќе делегати зборуваат различни јазици.

4.   Знаковно толкување

Interpreter018.secondary

Знаковното толкување се применува кога како учесници на конференцијата се наоѓаат лица со оштетен слух кои користат знаковен јазик како средство за комуникација. При ваквото толкување, задачата на толкувачот е знаковниот јазик да го претвори во говорен и спротивно.

Според контекстот или ситуацијата во којашто се одвива толкувањето:

1.   Конференциско толкување

img_0272Конференциите се настани на кои учество земаат луѓе од различни културни средини кои зборуваат различни јазици. Задачата на толкувачот е да овозможи непречено одвивање на комуникација помеѓу единките кои зборуваат различни јазици, но се разбира не преку буквално преведување на секој збор кој тие го кажуваат, туку преку пренесување на нивните идеи.

2. Билатерално толкување (најчесто консекутивно, но можно е и шушотаж (chuchotage))

3.   Дипломатско толкување (најчесто консекутивно)

4.   Судско толкување

5.   Толкување во заедницата (Community interpreting)

6.   Медицинско толкување

  • Кој може да биде конференциски толкувач?

Постојат многу начини да се стане конференциски толкувач, но секој кој сака да создаде професија на ова поле мора да ги поседува следните карактеристики:

  • Страст кон јазици
  • Совршено познавање на својот мајчин јазик и најмалку два додатни јазици
  • Одлични комуникациски способности
  • Интелектуална љубопитност, организираност и прецизност
  • Висока концентрација, добра меморија, способност за активно слушање и аналитичност
  • Пријатен глас, немање трема од јавен настап, способност за работа под притисок и флексибилност

Во Европа постојат голем број на универзитети кои нудат квалитетни програми за конференциско толкување, во кои како предуслов за запишување е одличното владеење на странски јазици.

За крај ви препорачувам да го погледнете извонредниот филм The Interpreter во главна улога со Никол Кидман и Шон Пен кој ќе ви долови колкав предизвик значи да се биде толкувач. Уживајте!

Извори:

Roderick, J. (1998) Conference Interpreting Explained. Manchester, UK: St Jerome Publishing.

Phelan, M. (2001) The Interpreter’s resource, Multilingual Matters.

http://ec.europa.eu/dgs/scic/what-is-conference-interpreting/index_en.htm

http://lourdesderioja.com/

http://theinterpreterdiaries.com/

(Дарко Ѓорѓијовски)

Advertisements
This entry was posted in Европска Унија, Конференција, Филм, Uncategorized and tagged , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s