Предавање на проф. д-р Емилио Гаљардо Саборидо од Универзитетот од Севиља (Шпанија)

Image    Image   Image

Со големо задоволство ве известуваме дека на 15 април 2014 година (вторник) со почеток во 10.30 часот во просторија 315 на Факултетот за странски јазици при ФОН Универзитетот проф. д-р Емилио Гаљардо Саборидо од Универзитетот од Севиља (Шпанија) ќе одржи мултимедијално предавање (на англиски јазик) на тема: „Култура на Револуцијата: кубанското културно поле во текот на 1960-тите и 1970-тите години‟. Предавањето ќе се фокусира на врската помеѓу литературното творештво и политичките предизвици во овој турбулентен период и ќе даде одговор на многу отворени прашања користејќи извадоци од романи, раскази, поеми, драмски дела и филмови.

ImageД-р Емилио Гаљардо Саборидо завршил постдокторски студии на Универзитетот од Нотингeм и Универзитетот од Бирмингeм (Велика Британија) и работи како професор на Катедрата за јазици, литература и интегрирана филологија при Универзитетот од Севиља (Шпанија). Негово поле на интерес е литературата и социологија на културата во периодот на кубанската револуција.

Гостувањето е во организација на д-р Иванка Апостолова од Универзитетот „Евро-Балкан‟ во тесна соработка со Факултетот за странски јазици при ФОН Универзитетот и Амбасадата на Кралство Шпанија во РМ.

(Наташа Алексоска)

 

Advertisements
This entry was posted in Активности, Клиничка настава, Култура, Литература, Соопштенија, Филм and tagged , , , , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s