Салвадор Дали: икона на надреализмот

Image

Група студенти по шпански јазик на покана на Амбасадата на Шпанија и Делегацијата на ЕУ во РМ, а по повод одбележувањето на 9 мај, Денот на Европа, и 25 години од смртта на ексцентричниот гениј Салвадор Дали, присуствуваа на предавањето на г-ѓа Силвиа Монрос – Стојаковиќ (автор и преведувач на повеќе од 70 дела од шпански јазик) во Галеријата на Факултетот за уметности во Скопје.

Гостинката со многу пасија во само 60 минути раскажа цела серија приказни од животот на контроверзниот уметник: за неговата апсолутна љубов кон Гала – неговата муза и животен сопатник повеќе од 50 години, пријателството со Федерико Гарсиа Лорка и Луис Буњуел, животот во Париз во друштво на Пабло Пикасо, Пол Елиар, Жан Кокто и Ле Корбузје – можеби највлијателниот архитект на XX век, контроверзната врска со енигматичната Коко Шанел во нејзиниот дом “La Pause” на француската ривиера, забавите со Елвис Присли, Џон Ленон и Дејвид Боуви, соработката со Волт Дизни и Алфред Хичкок, силниот интерес за психоанализата на Зигмунд Фројд, љубовта кон правењето пари (во уметничките кругови прекар му бил Алчен за пари или Avida Dollars – акроним од неговото име), дизајнот на логотo за Chupa Chups, уредништвото на модната библија Vogue, инцидентите со садизам во детството, вознемирувачката опсесија со Адолф Хитлер, скулптурите на носорози како доказ за фасцинираноста од природните науки особено од божествената геометрија на логаритмичките спирали,  футуристичката креација “Костимот во 2045 година” во соработка со Christian Dior, фриволните мустаќи како омаж на шпанскиот великан Диего Веласкес, измамата на Јоко Оно, техниките зад оптичките илузии итн.

После предавањето студентите имаа можност да ја гледаат проекцијата на култниот надреалистичен филм “Андалузиски пес” (“Un Chien Andalou” / “Un Perro Andaluz”) од шпанскиот режисер Луис Буњуел според сценарио на Салвадор Дали. Воведната сцена во филмот се смета за една од 10 најшокантни сцени во историјата на филмската индустрија.

ImageImage

ImageImage

Вечерта во 20.20 часот студенти и наставници од ФОН Универзитетот присуствуваа на свеченото отворање на изложбата на графики и скулптури од Салвадор Дали во галеријата “Остен кое привлече толку голем број љубители на уметноста што се чекаше ред за влез во изложбениот простор. Пред присутните се обрати Амбасадорот на Кралство Шпанија во РМ, Н.Е. Фернандо де Галаинена Родригес и Шефот на мисијата на ЕУ во РМ, Г-дин Аиво Орав.

Image

Image

Image

Image

20140507_203219_2

После еден ден во целост посветен на Салвадор Дали може слободно да констатираме дека се работи за автор со нескротена креативна енергија, екстензивен уметнички репертоар (сликар, скулптор, фотограф, графичар, илустратор, сценарист, писател, архитект, моден дизајнер, јувелир, публицист,…) кој уживал да ја шокира јавноста со своето скандалозно и егоцентрично однесување (“Секој ден кога ќе се разбудам доживувам врвно задоволство од фактот дека сум Салвадор Дали”) и успешно да манипулира со медиумите создавајќи од себе бренд, но тоа не може и не смее воопшто да ги засени неговите дела кои зрачат со имагинација и оригиналност, на голема иритација на неговите критичари.

The Persistence of Memory – најпрепознатливо и најкопирано дело на Салвадор Дали и едно од најважните уметнички дела создадени во XX век (иако е со големина на две разгледници заедно со Врисокот на Едвард Мунч и Бакнежот на Густав Климт се икони на модерната уметност), растопените часовници на жешкото сонце, симбол на ирелевантноста и арбитрарноста на времето и просторот во состојба на сон и истовремено алузија на револуционерната специјална теорија за релативност и комплексност на времето и просторот на Алберт Ајнштајн.

Image

The Mae West Room

Image

 Gala Contemplating the Mediterranean Sea 

Image

Abraham Lincoln in Dalivision

11578610_1

 Landscape with Butterflies

12

Повеќе информации за уметноста на Салвадор Дали може да се најде на: http://www.wikipaintings.org/en/salvador-dali и за неговиот неконвенционален и во голема мера бизарен живот на: http://listverse.com/2014/03/28/10-bizarre-facts-about-salvador-dali/

(Наташа Алексоска)

Advertisements
This entry was posted in Активности, Култура, Литература, Уметност, Филм and tagged , , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s