Започнува седмиот француски филмски фестивал!

3700551755882_600

Со вчерашната проекција на комедијата Quai d`Orsay (6 номинации и 3 награди Цезар) која со многу, многу хумор и интелигентни дијалози прикажа што се случува зад кулисите во Министерството за надворешни работи на Франција кога со него раководи посебен министер во присуство на голем дел од филмската екипа дојдена за оваа пригода од Франција и видео обраќање на режисерот, прекрасниот Бертран Таверние (кому му беше доделена Златна маска за животно дело), наши врвни филмски уметници (Милчо Манчевски, Мето Јовановски, Јордан Плевнеш и др.), Министерката за култура на РМ, Г-ѓа Елизабета Канческа – Милевска, дел од дипломатскиот кор, многу љубители на француската филмска уметност и, како и секогаш, франкофони професори и студенти по француски јазик од ФОН Универзитетот (благодарност до Францускиот Институт што во континуитет ни овозможува во голем број да присуствуваме на настаните) беше свечено отворен од страна на Амбасадорката на Франција во РМ, Н.Е. Лоренс Оер, VII Француски филмски фестивал во Кино “Милениум” во Скопје. Во текот на фестивалските денови од 18-22 јуни предвидено е прикажување на серија најнови филмски остварувања во кино “Фросина” и “Кинотека на Македонија” во Скопје и во центарот за култура “Глигор Прличев” во Охрид меѓу кои филмот за модниот креатор Ив Сен-Лоран од режисерот Жалил Лепер, филмот Венера во крзно – најновото остварување од режисерот Роман Полански итн.

Image

Програма на седмиот француски филмски фестивал

(Наташа Алексоска)

Advertisements
This entry was posted in Активности, Култура, Филм and tagged , , , , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s